1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Евровизија е „премногу геј“ за Унгарија?

Зилке Винш
29 ноември 2019

Унгарија го откажа учеството на Евровизија 2020 во Ротердам. Засега тоа се само шпекулации, но сѐ повеќе медиуми пишуваат дека за унгарската влада Евровизија е „премногу геј“.

Österreich Eurovision Song Contest 2015 Fans
Фотографија: picture-alliance/EPA/H. Fohringer

Изборот на песна на Евровизија е шаренолик музички фестивал - и да, Евросонг е и геј. Насекаде шаренило од бои, привлечни луѓе со драматични настапи пред помпезни сценографии, љубов во воздухот. Евровизија ги привлекува и хомосексуалците и хетеросексуалците, тоа е шарена мешавина на добро расположени луѓе кои сакаат да се забавуваат, луѓе од различни земји и кои неколку денови поминуваат заедно уживајќи во музика и меѓусебно друштво.Пред две недели Унгарија го откажа настапот на Евровизија 2020 во Ротердам. Исто како и Црна Гора. Овие две земји се чести гости на Евровизија. А Унгарија на 19 настапи беше и прилично успешна, петпати успеа да се пласира меѓу првите десет.

Зошто тогаш повлекување?

Официјално објаснување - нема. Засега има неколку претпоставки, кои се повикуваат на една изјава која наводно ја дал еден соработник на државната телевизија МТВА. По оваа изјава може да се претпостави дека унгарското повлекување има врска со блискоста на Евровизија и ЛГБТсцената. Ова го пишува британскиот дневен весник „Гардијан“, исто како и унгарскиот портал index.hu. МТВА е организатор на изборот на унгарскиот претставник на Евровизија. 

Една друга телевизиска станица блиска до владата на почетокот на годината ја означи Евровизија како „хомосексуална армада“, и тврдеше дека повлекувањето од неа е важно за „менталното здравје на Унгарија“.

Хеви-метал бендот АВС ја претставуваше Унгарија на Евросонг 2018 во ЛисабонФотографија: picture-alliance/dpa/J. Carstensen

Рестриктивна политика против хомосексуалноста

Портпаролот на унгарскиот премиер, Золтан Ковач, на Твитер објави дека ги отфла сомнежите за хомофобија, и таквите извештаи ги означи како „лажни вести“. Но, тој не објасни кои се вистинските причини за оваа одлука. Унгарија практикува рестриктивна политика против хомосексуалноста. Правата на хомосексуалците и лезбејките се прилично ограничени, во Унгарија е забрането склопување истополни бракови. Правото за усвојување на геј-двојките еден пратеник неодамна го спореди со педофилија. Во медиумите се цитира еден унгарски коментатор, кој вели дека Евровизија го уништива јавниот вкус - кога таму настапуваат трансвестити и брадести жени. Со тоа очигледно алудирал на настапот на брадестиот трансвестит  Кончита Вурст, која победи на Евривизија 2014 - со тоа сакаше да испрати и силна порака за толеранција кон хомосексуалците.

Наредната Евровизија ќе се одржи во мај 2020 година. Домаќин е холанскиот град Ротердам. На Евровизија ќе учествуваат 41 земја.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми