1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евровизија - меѓу Дракула и диско - поп, без екс - ЈУ

ЖА/дв/дпа/ртре18 мај 2013

Прогноза: победата на овогодишниот избор за песна на Евровизија ќе и‘ припадне на една млада „самовила“ од Данска. Македонските претставници Есма и Влатко „извисија“, во финалето нема претставник од екс-Југославија.

Фотографија: EBU/Sander Hesterman

Кој ќе победи на 58. избор за песна на Евровизија кој вечер се одржува во шведскиот град Малме: босоногата данска „самовила“ Емели, „грофот Дракула“ од Романија, кој „завива“ во највисоки тонски скали или можеби сепак германската диско - поп формација „Каскада“?

Натали Хорлер, која ќе ја претставува Германија во вечерашната финална вечер на Евровизиската песна ќе настапи единаесетта со песната „Глориус“.

Натали Хорлер се надева на пласман меѓу 10-те најдобриФотографија: DW/A. Brenner

Скандинавко - источноевропска борба?

На листата на фаворити според прогнозите на кладилниците и експертите води 20-годишната Емели, наводно само нејзина слаба форма или малер можат да и‘ ја земат победата. Босонога, со лелеава облека, таа уште во полуфиналето го сврте вниманието врз себе.

Цезар: романскиот „Дракула“Фотографија: EBU/Thomas Hanses

Големи надежи се полагаат и во норвешкиот претставник, елетро - поп нумера на русокосата пејачка Маргарет Бергемит. Шанси и‘ се даваат и на Злата Огневич од Украина, на убавецот Фарид Мамадов од Азербејџан, ккао и на баладата на Русинката Дина Гарипова.

Од Дракула до детски лекар

И покрај силната конкуренција, германската претставничка Хорлер не се предава: „До крајот никој не го знае исходот“, истакнува 31-годишната пејачка од Бон. Според квотите на кладилниците, германската песна „Глориус“ има добри шанси да влезе меѓу првите десетпласирани.

Посебни очекувања од својата кореографија има романскиот претставник во костум на Дракула и една финска парти - невеста. Изненадување со пласма во финалето приредија еден детски лекар од Малта, како и унгарскиот претставник, кој во полуфиналето освои малку поени.

Данската претставничка Емели важи за фаворитФотографија: EBU/Thomas Hanses

Во финалето ќе се натпреваруваат Франција, Литванија, Молдавија, Финска, Шпанија, Белгија, Естонија, Белорусија, Малта, Русија, Германија, Ерменија, Холандија, Романија, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Данска, Исланд, Азербејџан, Грција, Украина, Италија, Норвешка, Грузија и Ирска.

Инаку жирито своите гласови ги додели уште во петокот на втората генерална проба, додека публиката ќе гласа вечерва, по изведбата на сите 26 песни. Ќе се гласа 15 минути, по што ќе се премине кон соопштувањето на поените од сите 39 земји.

Есма РеџеповаФотографија: EBU/Sander Hestermann

Земјите од поранешна Југославија со „куси ракави“

Во финалната вечер на изборот за песна на Евровизија првпат нема да има ниту еден претставник од земјите од Балканот. Екс- Ју блокот де факто е целосно „неутрализиран“ откако на втората полуфинална вечер не изборија пласман ниту Есма и Влатко Лозаноски, македонските претставници. Претходно од финалето се простија и претставниците на Србија, Црна Гора, Словенија и Хрватска, а БиХ не учествуваше поради високите трошоци.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми