Евросонг: помалку публика со негативен корона-тест
СН/агенции
1 април 2021
Без оглед на пандемијата, Изборот на песна на Евровизија треба да се одржи пред публика во Ротердам наредниот месец - но треба да има значително помалку гледачи од вообичаеното.
Реклама
На изборот на Песна на Евровизија во публиката ќе можат да присуствуваат 3.500 луѓе, одлучи холандската влада. Евровизија годинава ќе биде одржана во мај во Ротердам, откако минатата година беше одложена поради пандемијата со коронаворусот. Според планот ќе биде пополнет само половина од капацитетот за публиката, а на сите кои сакаат да влезат во салата ќе им биде потребен негативен тест на коронавирусот.
Организаторите ја поздравија одлуката на холандската влада и наведоа дека „ќе ги разгледаат можните опции“. Тие најавија дека ќе соопштат „повеќе детали во наредните недели како на публиката на безбеден начин ќе и' биде овозможено да присуствува на случувањето доколку тоа го дозволува ситуацијата“.
Гарванлиев за ДВ: Јас сум еден од најгордите Македонци
01:07
Здравјето и безбедноста на публиката „остануваат на врвот на листата на приоритети“, се вели во соопштението и се наведува дека уметниците и нивниите делегации ќе имаат „јасно пропишан протокол на однесување“.
Во рамки на пробниот проект на холандската влада за попуштање на мерките против Ковид-19, 1.500 луѓе ќе можат да посетат музички фестивал во близината на Амстердам. Околу 5.000 гледачи ќе можат да влезат на стадион во сабота и да го гледаат натпреварот меѓу Холандија и Летонија во квалификациите за Светското првенство 2022. Сепак, минатата недела холандскиот премиер, Марк Руте, рече оти полицискиот час и останатите ограничувања во земјата ќе останат на сила уште три недели, до втората половина на април.
Евросонг 2019: Тамара меѓу победниците на вечерта
Второто полуфинале на изборот на песна за Евровизија ги донесе и последните 10 финалисти. Настапот на Тамара, нашата дописничка Силке Вунш го оценува како добар. Баладата е убава и убаво испеана. Гледајте ја во финалето!
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Шведска- Џон Лундвик
Солидна соул-поп нумера. Швеѓаните ги погодија вистинските тонови. Со неговите четири госпел придружнички, Џон Лундвик може да се надева и на пласман меѓу првите 10 во финалето.
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Русија- Сергеј Лазарев
Кој ќе помислеше дека руската суперѕвезда Сергеј Лазарев, најавуван со голема помпа, ќе биде изненаден. Тој беше клониран и претставен на осум платна. Зад тоа стоеше комплицирана, но прецизно водена техника. Така и отпеа. Заслужен статус на фаворит.
Фотографија: eurovision.tv/Thomas Hanses
Азербејџан- Чингиз
Радио певлива поп-нумера која останува во уво, интерпретирана од убав пејач- тоа публиката го сака. Ќе се видиме во сабота, Чингиз!
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Данска- Леонора
Облачиња, постојана насмевка, мир, радост, палачинки. И тоа на четири јазици: англиски, германски, француски и дански. Леонора го погоди нервот на публиката. Ќе биде интересно во сабота.
Регетон со електро ритам, и една шарена претстава- боите во позадината се менуваа како кај камелеон, а пред нив се танцуваше. Публиката сака повторно да ја види Михаела со нејзината парти-нумера.
Фотографија: EBU/Andres Putting
Холандија- Данкан Лоренс
Данкан Лоренс веќе неколку недели е фаворит. Но одушевувањето малку подзапре. Затоа што неговиот настап беше толку неспектакуларен што разочара многу фанови. Но нумерата е добра, па ќе можеме да ја слушнеме повторно во финалето.
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Швајцарија- Лука Хани
Лука Хани имаше добар настап. Германците го познаваат како победник на шоуто „Германија ја бара суперѕвездата“ во 2012 година. Во Тел Авив се смета за еден од фаворитите. Со право.
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Норвешка- Кеиино
Оваа песна имаше се што една солидна евровизиска нумера треба да поседува: убави луѓе, мелодија која останува во сеќавање, ветер и оган. Фолклорниот момент доаѓа од самиот пејач кој јодлува во микрофонот традиционален Јоик.
Настапот на бината имаше многу сличности со рускиот претставник, затоа што и Тамара беше „клонирана“. Баладата, во споредба со другите, е убава и добро испеана. Тоа треба уште еднаш да се види во сабота. Настапот е интересен и поради тоа што земјата која порано се викаше Македонија, сега за првпат настапува под името Северна Македонија на Евровизија.
Пласманот на Јонида Малиќи во финалето е изненадување. Класично, со фолклорни елементи и многу ветер в грб таа ги освои симпатиите на публиката- и покрај тоа што често фалшираше.
Конечниот договор околу Евровизија ќе биде потврден на крајот на месецот и сѐ уште може да се менува ако дојде до нов пораст на бројот на заразени. Евровизија ќе трае од 18 до 22 мај и организаторите претходно излегоа со 4 можни сценарија, од тоа манифестацијата да се одржи нормално, до претходно снимање на настапот и без публика. На изборот на Песна на Евровизија ќе учествуваат 38 земји. Сепак, изгледа тешко дека меѓународната публика ќе може да ги гледа изведувачите во живо поради бројните патни органичувања.