1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврозоната го одби барањето на Грција

З.Јордановски/ртре/дв/дпа/афп27 јуни 2015

Земјите од еврозоната и официјално го отфрлија барањето на Атина за продолжување на програмата за помош на Грција по истекот на рокот 30. јуни.

Фотографија: Reuters/Y. Herman

Шефот на Еврогрупата Јерун Дајселблум на прес-конференција и официјално објави дека земјите од еврозоната го отфрлија грчкото барање за продолжување на програмата за помош на Грција по истекот на рокот 30. јуни. Како причина Дајселблум го наведе грчкото одбивање на последниот предлог од еврозоната за продолжена и повишена помош за Грција, условена со спроведување реформи, како и најавата на грчката влада за одржување референдум на петти јули во врска со тие предлози. Кредиторите реагираа максимално флексибилно и беа подготвени да реагираат на економската ситуација, рече Дајселблум и и’ префрли на грчката влада дека го прекинала процесот. Според него, било нефер предлозите да се стават на референдум и да се агитира за негативно изјаснување. Ова била последна можност за согласност.

„Ние сме решени да ја зачуваме силата на еврозоната“, изјаво Дајселблум. На прашање дали Грците уште можат да сторат нешто за да останат во еврозоната, тој рече дека за тоа може да реши грчкиот парламент, искажа сомневање де информиран за да може „со целосна мудрост“ да донесе решение.

Претходно од дипломатски извори беше известено дека такво решение е донесено на денешната седница на министрите за финансии од земјите-членки на европската монетарна унија во Брисел. Грчкиот министер Јанис Варуфакис најави дека неговата влада опстојува врз одржување референдум на 5. јули во врска со условите за натамошна финансиска помош за земјата која се наоѓа пред банкрот. Како најдобра основа за натамошни преговори, грчката страна ги смета предлозите на грчката влада.
Денешната вонредна средба на Еврогрупата траеше само околу два часа и беше прекината за половина час. Во меѓувреме, според дипломати од ЕУ, грчкиот министер Варуфакис имал консултации со претставници на Европската централна банка (ЕЦБ).
Седницата на еврозоната продолжи со учество на Варуфакис, а потоа, по нова пауза, најавени се нови разговори без него.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми