1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евроинтеграција на Србија и Косово преку заедничка Унија

9 октомври 2008

Германскиот експерт Франц Лотар Алтман, смета дека без да се реши прашањето за Косово, Србија и Косово, нема да можат да станат дел од ЕУ. Успехот на српската резолуција во ОН, нема да ја смени фактичката состојба.

Франц Лотар Алтман

Германскиот експерт за балканот, Франц Лотар Алтман, смета дека Србија направила добар потег со поднесувањето на резолуцијата пред Генералното собрание на ОН. Ова според него се однесува пред се на внатрешно политички план, каде владата сега ќе може да им каже на своите бирачи, дека добила поддршка по однос на правниот аспект на ова прашање.

Сепак, тој смета дека земјите кои досега ја признаа независноста на Косово, нема да се предомислат и да ја повлечат својата одлука. Приштина воочи расправата во ОН најави дека Србија ќе биде изненадена од тоа кој се` ќе ја признае независноста на Косово.

Фатмир Сејдиу и Хашим ТачиФотографија: picture-alliance/ dpa

Црна Гора веќе најави дека деновиве ќе биде донесена таква одлука. Во Македонија, Парламентот расправа токму по таква резолуција. Алтман смета дека дел од земјите се свесни оти Косово веќе е независно и тоа нема да се промени и покрај фактот што меѓународниот суд ќе расправа за прашањето:

„Србија се надеваше дека земјите ќе се поколебаат и ќе се воздржат од признавање. Мислам дека оние земји кои сега ќе го признаат Косово, всушност праќаат порака дека не постои друг пат. Дека на Србија и беше дадено право да го постави прашањето. Но ситуацијата на теренот е таква каква што е„

Унија како решение за евроинтеграција

Алтман има интересна идеја околу тоа како во услови на меѓународно правно нерешен статус на Косово, да се дојде до решение, кое ќе го отвори патот за Србија но и за Косово кон евроинтегрирањето:

Поранешниот ЕУ посредник, Волфганг ИшингерФотографија: AP

„Јас веќе подолго прашувам зошто не се размислува за правно фомирање на некој вид Унија меѓу Косово и Србија, која во основа би подразбирала независност на двете држави. Нешто како државната заедница Србија и Црна Гора. Кога би се нашла таква правна конструкција со која двете страни би биле задоволни, а која би подразбирала самостојнот на Косово и на надворешно политички план. Мислам дека тоа ќе и овозможи на Србија да остане со чист образ„

За тоа да се постигне според Алтман, потребни се натамошни преговори на двете страни, со посредство на ЕУ. И покрај тешката фаза која следува, според Алтман, мора да се избегне решение со кое едната страна ќе се чусвтвува како губитник, а другата како победник.








Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми