1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брз крај на високата инфлација не е на повидок

СН/агенции
10 февруари 2022

Потрошувачите ќе мора да се справуваат со поскапувањата подолго од очекуваното. Бранот на Омикрон продолжува да влијае на европската економија. Ситуацијата во Украина исто така носи ризици.

Високите цени на бензинот и другите енергенси ќе продолжат да им создаваат главоболки на потрошувачите и во речиси цела 2022 година
Високите цени на бензинот и другите енергенси ќе продолжат да им создаваат главоболки на потрошувачите и во речиси цела 2022 годинаФотографија: Peter Kneffel/dpa/picture alliance

Европската комисија очекува високата инфлација во еврозоната да потрае. Според економската прогноза што ја претставија властите во Брисел во четвртокот, се очекува цените во еврозоната да пораснат во просек за 4,8 отсто во првите три месеци од годинава, откако во еврозоната беа достигнати рекордни 4,6 отсто во последниот квартал на 2021 година. Поради високите цени на енергенсите, ефектите од бранот на Омикрон и тесните грла во испораките,  Еврокомисијата очекува забележително ублажување на ценовниот притисок за потрошувачите и за компаниите најрано пред крајот на 2022 година.

Европскиот комесар за економија, Паоло Џентилони, рече дека притисокот на цените веројатно ќе остане силен до лето, по што инфлацијата ќе опадне. Сепак, тој предупреди, дека неизвесноста и ризиците се и натаму големи. Затоа Комисијата за 19-те земји членки на еврозоната за 2022 очекува просечна инфлација од 3,5 проценти, што е речиси за еден процент повеќе од минатата година. Во сите 27 земји членки на ЕУ пак цените во просек на годишно ниво би требало да пораснат дури за 3,9 проценти. 

Многу Европејци го чувствуваат ценовниот притисок секојдневно во супермаркетитеФотографија: Frank Hoermann/SvenSimon/picture alliance

Според зимската економска прогноза пак Европска унија во 2022 година ќе забележи економски раст од 4 отсто, а во 2023 година од 2,8 насто, ЕУ во 2021 година имаше економски раст од 5,3 отсто.

Унијата како целина, беше соопштено во Брисел, во третиот квартал од 2021 година, достигнала ниво на Брутодомашен производ (БДП) како од пред пандемијата.

Наголем економски раст во 2022 година, од 6 насто, ќе забележи Малта, а најмал Белгија од 2,7 отсто. Раст на БДП од 5 и повеќе проценти ќе имаат Унгарија, Словачка, Ирска, Шпанија, Португалија и Полска, се наведува во прогнозите на Европската комисија (ЕК).

Потпретседателот на ЕК за економија, Валдис Домбровскис, на претставувањето на прогнозата рече оти економијата на ЕУ сега се вратила на она што го загубила за време на кризата, благодарејќи на успешната кампања за вакцинација и на координираната поддшка на економските политики.

Ударот врз паричниците ќе продолжи и во тековнава годинаФотографија: K. Schmitt/Fotostand/imago images

Комисијата наведува дека по робустното засилување на економските активности во ЕУ, кое започна во пролетта 2021 година и траеше до раната есен, растот забавил во последниот квартал таа година. Забавувањето било поинтензивно отколку што се очекувало, а го засилиле растот на бројот на заразени со коронавирусот, скапите енергенси и натамошниот прекин во синџирот на испораки, оценија аналитичарите.

Тие велат и дека новата прогноза направена под претпоставка оти проблемите во економијата поради тековниот бран на инфекции со коронавирусот ќе бидат краткотрајни.

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми