1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа и Балканот на работ на хуманитарна катастрофа

Б. Георгиевски/дпа/ртр2 март 2016

Доналд Туск на Балканот ќе лобира за олеснување на граничните контроли. На Европа и се заканува хуманитарна катастрофа. Меркел бара „враќање кон Шенген“. На Идомени над 8.500 бегалци и мигранти.

Фотографија: picture-alliance/epa/G. Licovski

Таложењето на илјадници мигранти и бегалци на северната грчка граница се претвора во хуманитарна катастрофа, предупредуваат Обединетите нации. Додека ЕУ подготвува финансиски пакет за помош на Грција, германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека судирите во понеделникот на грчко-македонската граница, кога стотина мигранти се обидоа насила да ја минат границата- само ја покажува потребата за итно делување на ЕУ.

Но Австрија, која минатиот месец го ограничи бројот на мигранти кои смеат да влегуваат на нејзината територија, останува тврдо на своите позиции, и не сака да дозволи да стане пренатрупана чекалница за илјадниците мигранти и бегалци кои сакаат да продолжат кон север.

Хрватска, која е една од станиците на балканската рута вчера најави дека би можела да ја ангажира армијата за подобра контрола на бранот.

Критично во Идомени

Состојбата е критична во Идомени, село на грчко-македонската граница, каде е видлив цел град од шатори во кои се сместени очајните бегалци. „Македонската полиција не држи тука, а Грците не не сакаат назад“, вели Јасе Куед, 16-годишен бегалец од Авганистан.
Комесаријатот за бегалци на ОН (УНХЦР) побара подобро планирање и сместување на околу 24 илјади бегалци кои се заглавени во Грција, вклучително и околу 8.500 во Идомени.

„Европа е на работ на само-предизвикана хуманитарна криза“, изјави портпаролот на УНХЦР, Едријан Едвардс.
„Пренатрупаноста води кон недостаток на храна, сместување, вода и санитетски услуги. Како што видовме во понеделникот, тензиите растат, доаѓа до насилство, а сето тоа им оди од рака на шверцерите со луѓе“, рече тој.

Ангела МеркелФотографија: Getty Images/AFP/E. Dunand

Мигрантите останаат заглавени во Грција откако Австрија и други земји одлучија да наметнат рестрикции на балканската рута, ограничувајќи го бројот на луѓе кои можат да минат. Од почетокот на годинава, околу 116 илјади бегалци и мигранти пристигнале во Европа.

Европската Комисија за денеска најави план со кој ќе понуди итна финансиска помош за хуманитарната криза. Се очекува Комисијата да издвои 300 милиони евра за помош на земјите на ЕУ, не само Грција, да се справат со бегалскиот бран, и дополнителни 700 милиони во следните три години.

Грчката влада соопшти дека побарала од Брисел помош од 480 милиони евра, како и помош во медицинска опрема и персонал.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск од вчера е на турнеја низ регионот која има за цел да ги убеди земјите да ги олабават строгите мерки на границите. Откако ги посети Австрија и Словенија, денеска и утре се очекува и во Хрватска, Македонија, Грција и Турција. Неговата посета се случува во пресрет на вонредниот самит на ЕУ следниот понеделник на кој ќе се расправа за бегалската криза. Во Виена тој повика на враќање на политиката на отворени граници.

Назад кон Шенген

„Денеска отвораме ново поглавје во нашата борба со мигрантската криза, наречено 'Назад кон Шенген“, порача Туск.

Германската канцеларка Меркел смета дека снимките на очајните мигранти само ја потврдуваат потребата од самитот.

Доналд ТускФотографија: Getty Images/AFP/J. Thys

„Сликите секој ден ни ја потврдуваат потребата од разговори. Мораме да најдеме начин да се справиме со многу тешката состојба во Грција и да го спроведеме она што Европската Комисија го бара од нас, имено, да и ставиме крај на политиката на префрлање на бегалците понатаму и да се вратиме што поскоро на системот на Шенген“, рече Меркел.

Но, европските земји остануват разединети по ова прашање, а судирите веќе подолго време се манифестираат и јавно. Австрискиот канцелар Вернер Фајман вчера директно одговори на критиките од германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер кој оцени дека Австрија пропушта премногу мигранти.

„Неприфатливо е да се каже дека мигрантите треба да дојдат, а потоа министерот за внатрешни работи да изјави дека е против пропуштањето на луѓето (кон Германија)“, рече Фајман.

„Па како ќе стигнат до Германија?“

И покрај заложбите за преземање на 66,400 бегалци од Грција, ЕУ членките досега преземале обврска за само 1,539 луѓе, од кои само 325 биле релоцирани.

„Грција не може сама да се справи со оваа ситуација“, рече Едвардс.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми