Европа и финансиската криза
22 август 2007Реклама
Нема никакви сигнали за негативно влијание врз реалниот растеж, а тоа е став и на експертите. Еден од нив, кој и припаѓа и на групата таканеречни „седум мудреци„ во Германија, Волфганг Франц исто така смета дека кризата во САД нема негативно да се одрази врз германската конјунктура. За баварското радио, тој изјави дека конјунктурата е робустна и смета на пораст во оваа година од 2 ипол процента. Сепак, изјави дека не знае колку мртовци има во подрумите на германските и американските банки. Оптимизам и доверба во стопанството покажуваат и се повеќе Германци. Анкета за тоа направија младите стопанственици со преку 11 илјади луѓе. 65 насто од нив сметаат дека ќе продолжи економскиот растеж во земјата и во наредната година.