Би било чудо доколку до самитот на ЕУ се најде европско решение за комплексната политика на азил. Канцеларката Меркел може да преговара билатерално, но дури и тоа е тешко.
Реклама
Членките на ЕУ три години разговараат за опширна реформа на европскиот систем на азил и обезбедување на надворешните граници на Унијата. Европската Комисија за таа цел предложи седум законски реформи. Тие се насочени кон забрзување на постапката за азил, изедначување на критериумите за признавање на правото на азил и полесно протерување на мигрантите кои се префлраат од една во друга земја на ЕУ. За некои прашања веќе постои голема согласност, но има и прашања за кои жестоко се полемизира.
На последната средба на министрите за внатрешни работи на членките на ЕУ, одржана во Луксембург на тема миграција, можеше само да се утврди дека земјите се далеку од согласност и дека „европско заедничко решение“ нема да биде во никој случај готово до самитот на шефови на држави или влади на 29 јуни. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер воопшто и не учествуваше на средбата. Тој како свој претставник испрати парламентарен државен секретар.
Главниот проблем е реформата на т.н. Даблин 3-договор. Со неа се регулира која земја членка за кои баратели на азил е надлежна. ЕК предложи растоварување на преоптоварените земји каде барателите на азил првпат стапнале на територија на Унијата, пред сѐ Италија и Грција. Тоа, според ЕК, треба да се направи со прераспределба на бегалците. Таквиот предлог стриктно го отфрлаат многу централноевропски и источноевропски земји.
ЕУ-дипломатите во Брисел велат дека канцеларката Меркел негува големи илузии ако мисли дека овој спор може да се реши до самитот. Каков интерес би имала една полска или унгарска влада да ѝ помага на госпоѓа Меркел во коалициската криза со ЦСУ, се прашуваат бриселските набљудувачи. Унгарскиот премиер Орбан уште еднаш, по којзнае кој пат, повторува дека канцеларката ги „поканила“ бегалците и барателите на азил и затоа ова е германски проблем.
Билатерални договори како решение?
Единственото нешто што Меркел може да се обиде да го протурка не е единствено европско решение. Според членот 36 од Даблин 3-договорот можни се договори со одделни ЕУ-држави со цел да се забрза постапката и да се најдат практични решенија на внатрешните граници во ЕУ.
Ваков билатерален договор за повторно примање на барателите на азил веќе шест години имаат Франција и Италија. Француската гранична полиција може да ги враќа во Италија мигрантите кои доаѓаат од оваа земја, притоа не проверувајќи детално кој е надлежен за нив. Ова правило канцеларката би можела да го искористи за свои договори. Но, и тука има тешкотии.
Владејачката коалиција составена од популисти и десни радикали веќе чувствително ја заостри миграциската политика, затоа што се одбиваат бродовите за спасување на бегалците. Италијанскиот премиер Џузепе Конте по средбата со Меркел во Берлин изјави дека „Даблинскиот систем мора да се надмине“. Тоа значи дека земјите каде бегалците првпат стапнуваат на територија на ЕУ, како што е Италија, не би требало веќе да бидат сами одговорни за нив. Бегалците и барателите на азил, според желбата на деснорадикалниот министер за внатрешни раноти Матео Салвини, треба да се преселат во други држави на ЕУ.
Што може значи Меркел да им понуди на Италијанците за тие да прифаќаат баратели на азил кои ќе бидат вратени од германската граница? Апели да се биде солидарен со Германија, која е главна цел на барателите на азил, тешко ќе вродат со плод. Италијанската влада нема заборавено дека Меркел пред 2015 година одбиваше воведување на уште тогаш дискутираниот систем на квоти кој требаше да придонесе за растоварување на Италија и Грција.
Австрија
Одбиените баратели на азил кои во ЕУ дошле преку Италија и онака ќе бидат заглавени на германската граница кон Австрија, која се наоѓа меѓу Германија и Италија, доколку деснопопулистичката влада во Виена не се согласи со билатерален договор. А нема знаци дека тоа ќе се случи.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој е жесток критичар на политиката на азил на Меркел, сака да создаде „Оска на волни“ за подобро да се затворат надворешните граници на ЕУ и мигрантите воопшто да не можат да влезат во ЕУ. Според него, најдобро би било доколку постапките за азил се водат навдор од ЕУ, во Северна Африка или на некој осамен остров. Оваа идеја е поддржувана и од страна на Италија. И „Мастер планот миграција“ на германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер предвидува вакви центри за азил надвор од територијата на ЕУ. Сето тоа, меѓутоа, тешко може конкретно да се вообличи до самитот на ЕУ.
Луѓето на Балканската рута
Стотици илјади луѓе пред една година патуваа кон север преку Балканската рута. Подоцна бројот на бегалците значително се намали, но сѐ уште преку Балканот минуваат илјадници луѓе. Марија Илчева сретна дел од нив.
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Родено во бегство
„Во Грција сме од пред шест месеци. Нашето бебе е родено во Турција“, раскажуваат Ахмад и Винус. Тие доаѓаат од село во близина на Латакиа. Во руските бомбашки напади загубиле сѐ.
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Десет години бегалец
Абдуламир има 49 години. Последните 10 години овој Ирачанец живее во бегство. Во февруари 2016 дошол во Грција. „Непосредно пред грчкиот брег се појави брод на турската крајбрежна стража. Тој предизвика големи бранови. Смртно се преплашивме.“
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Кон Германија, „како и останатите“
„Во Бугарија стигнав вчера - преку Турција. Одам за Германија, како и останатите“, вели со широка насмевка 18-годишниот Фарман од Пакистан. „Германија е многу убава. Таму сакам да работам како готвач. Можам многу добро да готвам.“
Фотографија: DW/M. Ilcheva
„Кон Германија - по секоја цена“
„Србите по трет пат ме вратија назад во Бугарија. Но, ќе се обидам повторно. Одам за Германија, по секоја цена“, вели 28-годишниот Пакистанец Васим (со бела маичка). „Многу други успеаја, ќе успеам и јас.“
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Две семејства од Кина
Во бугарскиот бегалски камп Пастрогор доминираат млади луѓе од Авганистан и Пакистан. Таму живеат само две семејства. Тие се Монголци од Кина. И тие сакаат во Германија. Доаѓаат од Шилин Гол во автономната територија Внатрешна Монголија во НР Кина. „Постојано сме изложени на репресии поради тоа што сме Монголци.“
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Во Германија за да биде таксист
Патот од Пакистан до Германија го чини 6 илјади американски долари. Али (лево) е две недели во бугарскиот камп Пастрогор. Сега чека повик од шверцерот. „Морам да заминам за Германија. Мора да ја поддржувам финансиски мојата фамилија во Пакистан. Можам да возам такси.“
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Христијанин меѓу муслимани
„Јас сум христијанин и постојано сум навредуван од муслиманите во овој бегалски камп“, вели 22-годишниот анестезиолог од Иран. „Можам да си претставам да живеам во Бугарија. Само морам задолжително да се тргнам од луѓето со поинаква вера. Тие ми додеваат.“
Фотографија: DW/M. Ilcheva
„Вратете ме назад“
„Please, Mister, please, deport. Pakistan“, го моли овој човек (десно) раководителот на сместувалиштето за бегалци во Пастрогор. Неговото дете тешко се разболело и тој бара да го вратат кај него. „Патувањето за Европа беше грешка“, вели тој. Не е единствениот што мисли така. Назад сакаат и некои бегалци од Авганистан.
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Тепан од полицајци
Хорам од Пакистан неколку дена е во бегалскиот камп во српскиот град Суботица. Тој веќе се обидел да ја мине границата со Унгарија. „Таму бев брутално истепан од унгарски полицајци. Зошто? Не разбирам.“
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Посредно преку Италија
Омар Хидад е во бегство 11 месеци. 23-годишниот Пакистанец во меѓувреме е во Србија. Од Суботица сака да продолжи за Италија. „Таму добиваме азил многу бргу. Потоа ќе можеме да патуваме каде што сакаме“, се надева Хидад.
Фотографија: DW/M. Ilcheva
Надеж за враќање
„Две недели сум во Келебија и се надевам дека наскоро ќе смеам да поднесам барање за азил во Унгарија“, вели ова момче од Сирија на српско-унгарската граница. „Кога војната во Сирија ќе заврши, ќе се вратам назад. Сирија е моја татковина. Моето срце ѝ припаѓа нејзе.“
Фотографија: DW/M. Ilcheva
„Меркел нѐ покани“
„Што направи госпоѓа Меркел?“, прашува ова момче од Авганистан. Тој една недела е во транзитната зона на српско-унгарската граница. „Таа нѐ покани и сега? Сега ги затвори границите. Зошто?“
Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред неколку дена нагласено ја пофали канцеларката Меркел за нејзината бегалска политика. Таа се обидува да дејствува европски и тоа му остава впечаток, изјави Ципрас. Договорот меѓу ЕУ и Турција, кој многу го намали притисокот на мигрантите врз Грција, е донесен со голем ангажман на канцеларката.
Апетитот на Грците за повторно прифаќање на одбиените баратели на азил кои преку Балканската рута стигнале до Германија, е веројатно мал. Доколку овие лица не се стават во авион директно на германската граница и на тој начин не бидат префрлени во Грција, тогаш е малку веројатно дека тие некогаш и воопшто ќе се вратат во Грција.
Западен Балкан
Германската канцеларка би можела со државите кои не се членки на ЕУ да договори прием на барателите на азил и мигрантите кои минале низ нивна територија. При повторниот прием на државјаните од овие земји кои не добија азил во Германија тоа добро функционираше. Бројот на баратели на азил од Србија, Косово или Албанија е многу намален. Но дали овие балкански држави ќе сакаат да прифатат и припадници на трети земји, е прашање.
Теоретски би било можно „домино“-враќање од Германија преку Австрија и Балканот сѐ до Грција.
Бегалци кои го сменија светот
Новиот претседател на САД го ограничи влезот за бегалците во земјата. Многу поранешни бегалци станаа светски познати музичари, актери, политичари или научници.
Фотографија: imago/Thomas Bielefeld
Алберт Ајнштајн
Познат по неговата Теорија за релативноста, германскиот Eвреин, добитник на Нобелова награда, Алберт Ајнштајн, бил во посета на САД во 1933. година кога му станало јасно дека не може да се врати во нацистичка Германија. Во една прилика тој напишал дека се чувствува како „привилегиран од судбината“ што живеел во Принстон, но речиси бил „засрамен што живеел во таков мир, додека останатите страдале“.
Фотографија: Imago/United Archives International
Марлен Дитрих
Германската пејачка и глумица Марлен Дитрих веќе беше ѕвезда и живееше во САД, кога го доби американското државјанство во 1939. година и ѝ сврте грб на нацистичка Германија. Проминентната бегалка говореше против Хитлер и настапуваше за војската на САД за време на војната. Истовремено, нејзините филмови беа забранети во Германија. Но таа кажа: „Родена сум како Германка и засекогаш ќе бидам тоа.“
Фотографија: picture-alliance/dpa
Хенри Кисинџер
Професор на Харвард и авторитет во областа на меѓународните односи-Кисинџер беше 56-от државен секретар на САД и одигра клучна улога во обликувањето на надворешната политика. Во 1938. година, Хенри Кисинџер, роден во Баварија, избега од Германија за да не се соочи со прогон од нацистите. Чувствата кон татковината останаа исти: „Германија никогаш не престана да биде дел од мојот живот“, изјави тој.
Родена во денешна Република Чешка, Медлин Олбрајт и нејзиното семејство дојдоа во САД во 1948. година кога комунистите ја презедоа власта во нејзината татковина. Таа почна да се занимава со политика и стана највисоко рангираната жена во владата на САД: Медлин беше првата жена државен секретар на САД (1997-2001).
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Loeb
Џорџ Вајденфелд
Роден во Виена во 1919. година, лордот Џорџ Вајденфелд бил британски Евреин и издавач. Тој емигрирал во Лондон по анектирањето на Австрија од страна на нацистите. Бил соосновач на издавачка куќа и работел во кабинетот на првиот претседател на Израел. Го финансирал спасувањето на христијаните од Сирија и Ирак. „Не можам да го спасам светот... но имам долг за отплаќање“, се неговите зборови.
Фотографија: picture-alliance/dpa/N.Bachmann
Бела Барток
Унгарскиот композитор, виртуоз на пијано и колекционер на народна музика, Бела Барток, иако не бил Евреин, се спротивставил на подемот на нацизмот и прогонот на Евреите. Во 1940. година тој се преселил во САД. Тој еднаш изјавил: „Мојата главна идеја е братство на луѓето, над сите конфликти“.
Фотографија: Getty Images
Милош Форман
Иако веќе бил познат режисер во татковината, тој ѝ го свртел грбот на Чехословачка и се преселил во САД по Прашката пролет во 1968. година. Подоцна, Милош Форман режираше два меѓународно познати филмови, кои освоија Оскар.
Фотографија: picture-alliance/abaca/V. Dargent
Изабел Аљенде
Чилеанскиот претседател Салвадор Аљенде беше насилно симнат од власт со пучот од 1973. година. Ќерката на неговиот братучед, Изабел, избегала во Венецуела откако почнала да добива смртни закани. Таа подоцна се сели во САД. Нејзините романи се меѓународно признати класици на магичниот реализам, како „Куќата на духовите“ и „Ева Луна“.
Фотографија: Koen van Weel/AFP/Getty Images
Мириам Макеба
Мириам Макеба беше на турнеја во САД, кога властите во Јужноафриканската Република ѝ го поништија пасошот поради нејзино учество во кампањата против апартхејдот и подоцна ѝ забранија да се врати во државата. Нејзината песна „Пата пата“ беше светски хит во 1967. година. Легендарната пејачка живееше во САД и Гвинеја пред повторно да може да се врати во сопствената земја, една деценија подоцна.
Фотографија: Getty Images
Седечки бик
Лидерот на Сијуксите, Татанка Ијотаке – Седечки бик е еден од најпознатите поглавари на домородните Американци во историјата. Неколку години од животот ги поминал како бегалец во Канада, каде што заминал во 1877. година. Во 1881. година се враќа во САД, каде првично бил затворен, по што бил ослободен и вратен во резерват.
Фотографија: Imago/StockTrek Images
Невен Суботиќ
Како и неговиот колега, Ведад Ибишевиќ од Херта Берлин, играчот во Бундеслигата, Невен Суботиќ побегна од војната во БиХ како дете. Свесен за тешките животни услови, Суботиќ во 2012. година основа фондација за помош на луѓето во најсироманите делови на светот и пристап до чиста вода.