Европа огорчена на американската шпионажа
30 јуни 2013Во Европа и натаму расте незадоволството поради праксата на американската тајна служба која прислушувала и на Стариот континент. Водечки политичари од ЕУ бараат разјаснување дали НСА, Националната служба за безбеднст, навистина целно ја шпионирала ЕУ. Луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн за „Шпигел онлајн“ изјави - Американците подобро да ги надгледуваат своите тајни служби отколку сојузниците. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц исто е игорчен:
„Ако тоа е точно, тогаш се работи за голем скандал“.
Елмар Брок, претседател на Комисијата на Европскиот парламент за надворешни прашања, критикува што шпионирањето добило димензии „кои се сметаат за незамисливи во една демократска држава“.
САД - без коментар
Според сознанијата на „Шпигел“, НСА шпионирала институции на ЕУ во Вашингтон, Њујорк и Брисел. Меѓу другото, биле инсталирани и уреди за пислушување. Магазинот „Шпигел“ во својот извештај се повикува на документи на поранешниот соработник на американските тајни служби, Едвард Сноуден, кој е во бегство, а претходно ја обелодени програматата на САД за прислушување на телефонските и интернет комуникациите, „Призма“.
Американската влада не сака да го коментира најновиот извештај на „Шпигел“. Тој не сака ништо да каже за „неавторизирани извештаи“, изјави заменикот американски советник за безбедност Бен Родс пред новинарите во Преторија.