1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа против криптовалутата на Фејсбук

БГ
21 јуни 2019

Планот на Фејсбук да воведе сопствена криптовалута- Либра- наидува на голем отпор меѓу политичарите во Европа. Тие се сомневаат дека социјалната мрежа е способна за таква одговорност.

Facebook Kryptowährung Libra
Фотографија: picture-alliance/ZumaPress/A.M. Chang

Дали Марк Закерберг ќе биде гувернерот на следната светска централна банка? Кога Либра ќе влезе во употреба во апликациите на Фејсбук, вклучително и на Инстаграм и ВатсАп, најверојатно веќе следната година, таа може да стане ривал на актуелните валути. Марк Закерберг ветува пари за модерниот свет.

„Верувам дека испраќањето пари ќе стане исто толку лесно како и испраќањето фотографија. Веќе го тестираме ова во Индија со еден милион луѓе- многу се користи и фидбекот е одличен- а работиме на тоа да го претставиме во други земји подоцна годинава“, изјави Закерберг неодамна.

Но реакциите од клучните финансиски личности во Европа не се баш „одлични“. Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер вели дека не доаѓа предвид Либра да стане суверена валута. Гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни, изјави дека таа ќе мора да исполнува највисоки стандарди на регулација.

Безбедноста е меѓу најголемите грижи. Аналитичарите велат дека Фејсбук и не е баш најприкладната организација на која треба да и се верува со пари, имајќи го предвид неговото досие со заштитата на податоци.

„Фејсбук мора да не убеди дека не само што не треба да се грижиме за заштитата на приватноста кога споделуваме приказни или сурфаме на интернет, туку дека и финансиските трансакции се безбедни. Тоа е многу голема задача“, вели технолошкиот експерт Моше Коен.

Либра е формално регистрирана во еден скромен канцелариски простор во Швајцарија. Фејсбук вети дека ќе држи се под контрола, и дека ќе се избегнат проблемите на другите криптовалути со тоа што Либра ќе биде врзана за имоти и официјални државни валути. Но, ќе мора да будат убедени корисниците, како  и финансиските експерти, дека Либра нема да биде уште една несигурна авантура.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми