1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европратениците на Твитер

10 октомври 2010

За да останат во контакт со своите гласачи, европратениците почнаа да ги користат социјалните мрежи, како Фејсбук или Твитер. Тие сакаат подобро да ги запознаат гласачите со нивната работа во Европарламентот.

Социјалната мрежа Твитер од неодамна е важна и за европратеницитеФотографија: twitter.com

„Јас твитирам, а Вие?“ - оваа рекламна порака на интернет порталот Touteleurope.eu, специјализиран за информации поврзани со Европа, ја најави акцијата за поедноставување на пристапот кон Твитер профилите на европските пратеници. Твитер не им е непознат на европратениците, во моментов околу 30% од 737 членови на Европскиот парламент се служат со оваа социјална мрежа, за кратко и брзо да информираат за нивните активности или да комуницираат со нивните изборни единици, каде што и најмалку се наоѓаат.

„Јас твитувам, бидејќи тоа е директен начин да се допре до луѓето, веднаш го имате коментарот и реакцијата“, објаснува европратеникот Греам Ватсон од редовите на Либералите.

Зградата на Европскиот парламент во СтразбурФотографија: presse

„За еден обичен граѓанин, кој не го знае Твитер, на нашата веб страница има интерактивна карта на која може да ја избере на пример Франција, Полска или Италија, доволно е да кликне на фотографијата на европратеникот со кој сака да контактира, да ја напише пораката и директно да му ја испрати“ , објаснува уредничката на порталот Лора Даг. „Работевме со Американците кои го создадоа концептот „Твитконгрес“, тие исто така ни признаа дека е многу тешко да се има директен контакт со својот претставник. Ние се инспириравме од нивниот модел, за да го ставиме во служба на европските граѓани“ , додава Лора Даг од „Touteleurope“.

Интеракција преку интернет

Темите на кои можат да бидат испрашувани европратениците се определени според активностите на Европскиот парламент, одговорите исто така ќе бидат на Твитер, а кога се поставува прашање до еден пратеник кој не го зборува истиот јазик, прашањето и одговорот се автоматски преведувани од интернет преведувачот.

Европарламентарците сакаат да ги запознаат гласачите со нивната работа во ПарламентотФотографија: AP

Силви Гијом, европратеничка од редовите на Социјалистите, се надева дека Твитер ќе придонесе за подобро запознавање: „Не не‘ знаат најдобро, лошо не‘ идентификуваат, ова е средство преку кое можат да не‘ запознаат, а и ние да се претставиме и воопшто да ја претставиме нашата работа“.

Порталот „Touteleurope“ - директен посредувач

„Кога веќе сме избрани за европратеници, треба да им поднесуваме сметка на граѓаните, со информации преку Фејсбук, Твитер, преку блогови...Тоа се инструменти кои ни дозволуваат конкретна размена на информации“ , нагласува Карима Дели од групата на Зелените. За да се дојде до Твитер-адресата на европратеникот, нема ништо поедноставно, таа е достапна преку пребарувачите на интернет или преку порталот на „Touteleurope“ кој директно пренасочува кон http://www.tweetyourmep.eu/, адреса која можете да ја најдете и на интернет страниците на Радио Дојче веле.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми