Европската сонда „Смарт 1„ се урна на Месечина
4 септември 2006Научниците од Европската вселенска агенција ЕСА сакаа сондата на крајот од тригодишната мисијата да удри во површината на Месечината.
„Од почетокот на мисијата беше јасно дека таа има ограничен век. Не можевме да ја продолжуваме. Од неа научивме многу и сега дојде тажниот миг кога моравме да ја уништиме сондата. Тоа е така и со играчките на децата, ни тие не траат вечно„ – појаснува раководителот на мисијата СМАРТ 1, Герхард Швем.
Тој вели дека за време на тригодишната мисија на сондата бил испробан нов систем на погон, што се покажал како многу добар. Т.н. јонски мотор ќе биде применет и во следната мисија за Меркур, планирана за 2013-та година. За него биле потребни само 80 кг ксенон гас.
Научниците од ЕСА ја насочија сондата СМАРТ 1 кон едно вулканско подрачје на Месечината. Таа падна таму во неделата рано изутрина и можеше да се забележи со телескоп како кус блесок на површината на земјиниот сателит. Паѓањето беше снимано и со инфрацрвен телескоп на Хаваите, а научницуте се надеваат дека со анализата на прашината што се крена од паѓањето на сондата СМАРТ ќе добијат нови сознанија за геолошкиот состав на Месечината.