1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската Унија вети повеќе пари за Западниот Балкан

23 ноември 2004

Шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан вчера во Брисел потпиша спогодба со која се утврдуваат општите принципи за учество на земјите во регионот во програмите на ЕУ. По средбата, претставниците на Унијата Ветија поголема финансиска поддршка за Западниот Балкан.

Можност за повеќе пари од европските фондови и отворени врати за учество во 25 европски програми. Со спогодбата која што вчера во Брисел, со високите европски претставници ја потпишаа шефовите на дипломатиите од Македонија, Србија и Црна Гора и Албанија, трите земји се вклучија во тн, процес на предиспитна стратегија, што води кон идна интеграција во Европската Унија.

Комесарот за проширување на Унијата, Оли Рен, кој заедно со високиот европретставник Хавиер Солана и актуелниот претседавач со Унијата, холанѓанецот Бернард Бот присуствуваше на вчерашниот состанок во Брисел, рече дека со новиот буџетски план на Унијата, за периодот од 2006 – та до 2013 –та година, се издвојуваат повеќе пари за финансирање на проекти од земјите на Западниот балкан.

,,Работиме врз основа на стабилизација и асоцијација, како шрто е договорено на солунскиот самит минатата година. Сметам дека потпишувањето на договорот, кој што ги отвара вратите за соработка со земјите од западниот Балкан, покажува дека всушност имплементираме еден нов инструмент, а тоа е уште еден јасен сигнал дека овие земји имаат европска перспектива“, рече еврокомесарот за проширување.

Во заедничката изјава што ја потпишаа министрите за надворешни работи, се нагласува неопходноста за соработка на земјите од регионот со Хашкиот трибунал, особено околу случаите со Ратко Младиќ и Радован Караџиќ.

„Да почекаме што во врска со тоа ќе каже главната обвинителка на Хашкиот Трибунал Карла дел Понте во Советот за безбедност на ОН. Но едно е јасно- целосната соработка на земјите од регионот со хашкиот трибунал е услов за членство во ЕУ, рече Оли Рен.

Во заедничката изџјава, усвоена вчера во Брисел, се нагласува дека идното европско членство на земјите од Западниот Балкан ќер зависи и од нивните индивидуални постигнувања.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми