1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот автомобилски пазар во длабока криза

ЖА/два/дпа/ртре16 јануари 2013

Продажбата на автомобили во ЕУ во 2012 година е на најниско ниво од 1995 година наваму. Бројките за декември сигнализираат дека нема да има скора промена на трендот.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Прометот со автомобили во Европа поради долготрајната економска и должничка криза падна на ниво најниско во последните 17 години. Во 2012 година во сообраќајот во ЕУ се вклучиле околу 12,05 милиони нови возила, што е 8,2 проценти помалку отколку во 2011 година, соопшти европскиот сојуз за браншата АЦЕА ,во Брисел.

Падот на прометот е најголем во последните години. Се чини дека нема подбрување во вид на европскиот автомобилски пазар, зашто падот беше особено драстичен во декември лани. Во ЕУ во овој месец биле купени само околу 800 илјади нови автомобили, или 16,3 проценти помалку во истиот период од претходната, 2011 година.

Особено погодени се пазарите на автомобили во југоисточноевропските земји погодени од кризата. Така продажбата на возила во Грција е намалена за 40 проценти, во Шпанија за 13,4 насто, а во Италија според податоците оттаму, речиси за една петтина. Намалувањето на продажбата на нови автомобили во Германија за лани изнесува 2,9 проценти, а во Велика Британија - 5,3 насто.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми