1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот парламент повика на преговори со Скопје и Тирана

БГ
24 октомври 2019

Со големо мнозинство, пленумот во Стразбур денеска ја изгласа резолуцијата со која се критикува одлуката од Самитот во Брисел и се бара итен почеток на преговори со С. Македонија и Албанија.

Frauenquote Parlament
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger

Со големо мнозинство од 412 гласа „За“, 136 „против“ и 30 отсутни, Европскиот парламент попладнево ја изгласа резолуцијата со која се бара од ЕУ да започне пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.
Парламентот изразува „длабока разочараност“ и смета дека одбивањето на лидерите на ЕУ да им ги отворат вратите на двете земји е „стратешка грешка“, која го нарушува кредибилитетот на ЕУ и испраќа негативна порака кон другите земји кандидати. Ветото во Брисел може да им ги отвори вратите и на други странски актери- чии активности не се во согласност со вредностите и интересите на ЕУ- да се ангажираат подлабоко С. Македонија и Албанија, наведуваат пратениците во резолуцијата.
Притоа, Европскиот парламент оценува дека предложената реформа на процесот на проширување кој го бараат Франција и други земји, не смее да ги попречува Скопје и Тирана, кои веќе ги исполнија барањата.
„Овие земји треба да бидат оценувани според објективни критериуми, а не да им се суди според внатрешните политички агенди во други земји“, се наведува во текстот, алудирајќи на Франција. 

Повеќе за дебатата во ЕП прочитајте тука: 
Голема поддршка за С. Македонија и осуда на Франција во Европскиот парламент

Со резолуцијата се бара од членките на ЕУ да се однесуваат одговорно кон двете балкански земји, и веќе на следниот состанок да се донесе едногласна одлука за отворање на преговорите.
Освен Франција, резолуцијата ги наведува и Холандија и Данска, како земји кои ја блокирале одлуката за проширувањето за Албанија.

Европските пратеници вчера (23.10) дебатираа за исходот од самитот во Брисел. Најголемите политички групации во Европскиот парламент и дадоа неподелена поддршка на С. Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.

За резолуцијата гласаа и мнозинството пратеници од групацијата на Либералите кон која припаѓа и партијата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми