1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европските трупи не се конкуренција на НАТО

Силвера Падори28 ноември 2005

На четвртата Берлинска конференција за европската одбрана Европа експертите дискутираа за неопходноста од создавање европски брзи, ефикасни и компетентни воени единици кои ќе можат да одговорат на предизвиците на новото време - тероризмот и природните катастрофи, а кои нема да се конкуренција на Алијансата

Фотографија: AP

Европката улога во секторот на безбедноста и одбраната и во иднина ќе инсистира да се измазнат различните интереси, да се воспостави дијалог и да се постигне компромис. Операциите кои ги презеде ЕУ се своевидна мешавина на полициско-воено-цивилен ангажман и во перидоот што доаѓа ке се работи на координација на ваквот оперативен менаџмент кој ќе има за цел европските борбени групи да бидат брзи, ефикасни и компетентни. Ова се дел од темите за кои денеска и утре во Берин на четвртата конференција за европската безбедност разговараат експертите од сферата на одбраната.Меѓу учесниците е македонскиот заменик министер за одбрана Талад Џафери, кој го подвлекува интересот кој го има Македонија во доменто на европската одбрана.Особено во светлината на скорото доделување на статусот кандидат за членство во ЕУ, според џафери, мора да се знаат плановите и насоките кои во овој домен ќе ги води Европската Унија. И тоа од аспект Македонија да може да ги подготви своите капацитети и евентуално да даде придонес во мисиите на европските трупи.Џафери едновремено подвлече дека европските трупи и НАТО тежнеат да сорабортуваат и не се конкуренција

Министерот за одбрана на Австрија Гинтер Платер, најави дека во текот на наредната година кога неговата земја ќе биде претседавач со Унијата, ќе бидат преземени конкретни мерки истакнувајки дека акцентот ќе биде ставен на Балканот. Во 2006 престои референдумот во Црна Гора и решавањето на статусот на Косово. Пред три недели Платер посетил различни регионите региони на Балканот, меѓу кои престојувал и на Косово каде луѓето на пример бараа да нема редукција на војниците во покраината. Спред него, Европската унија среднорочно мора да преземе поголема одговорност и на Косово и во Босна.

Вицепретседателот на европската комисија и еврокомесар за право, слободи и безбедност Франко Фратни кој говореше за тероризмот, го изнесе податокот дека дури 91 процент од Европејците смеаат дека борбара против ова зло тртеба да се води на евроспко, а не национално ниво.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми