1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европски компромис за премините на Косово?

14 ноември 2011

Владата во Приштина го прифати предлогот кој предвидува Косово и Србија заеднички да ги менаџираат меѓусебните гранични премини, без Белград да биде обврзан да ја признае косовската независност, тврди „Коха диторе“.

КФОР во отстранување на барикадите во северно Косово, архивска снимкаФотографија: dapd

Косовскиот весник потсетува дека пред еден месец властите во Приштина официјално го отфрлиле ваквиот предлог, според кој премините треба да бидат менаџирани по интегриран систем, согласно стандардите на ЕУ. Тој предвидува заедно да работат цариници и да патролира погранична полиција од Косово, Србија и ЕУЛЕКС. Предлогот е резултат на процес што се води паралелно со дијалогот Белград-Приштина, изјавил за „Коха диторе“ неименуван претставник на меѓународната заедница.

Паралелниот процес почнал со постојаните консултации што меѓународниот посредник во дијалогот Роберт Купер ги имал со шефовите преговарачките тимови на Србија и на Косово, Борислав Стефановиќ и Едита Тахири, наведува „Коха диторе“.

Стефановиќ од своја страна тврди дека не е постигнат конечен договор, додавајќи дека последниот збор за тоа ќе го имаат српските државни органи. Сепак, тој не негира дека е на повидок решение за премините на северот на Косово.

Автор: ГЧ/ ЖА/ миа

Редактор: А.Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми