1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Сол на раната на Орбан

СН/агенции
3 јуни 2021

Европскиот суд на правдата денеска ја отфрли жалбата на Унгарија со која се оспорува тековната постапкана ЕУ против оваа земја поради сериозно прекршување на заедничките вредности.

Luxemburg | Europäischer Gerichtshof: EuGH-Urteil zum ungarischen NGO-Gesetz
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Immanuel Bänsch

Унгарскиот премиер Виктор Орбан прави сѐ што може за да биде запрена постапката на ЕУ против неговата земја. Сепак, нема успех на повидок. Со денешната пресуда, Европскиот суд на правдата сега дури и дотура сол на раната.

Унгарија не успеа со жалбата против тековната постапка на ЕУ во врска со обвинувањата за сериозни повреди на основните вредности на Унијата од страна на властите во Будимпешта.

Европскиот суд на правдата денеска пресуди дека одлуката на Европскиот парламент во 2018 година, која доведе до постапката против Унгарија, била законски донесена.

Фотографија: picture-alliance/dpa/G. von der Hasselt

Повеќе:

-Долго очекуван црвен картон за Унгарија

-Кој ги има Орбан и компанија за партнери, не му требаат непријатели

-Унгарија може да го загуби правото на глас во ЕУ

Во септември 2018 година, европратениците гласаа за преземање мерки против владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан за наводно поткопување на демократските вредности и владеењето на правото.

Со гласањето беше препорачано активирање на постапка по основа на таканаречениот Договор за функционирање на ЕУ, член 7, според кој Унгарија може да се казни со укинување на правото на глас. 

Фотографија: Horst Galuschka/dpa/picture alliance

Унгарија  поднесе жалба на одлуката, тврдејќи дека Европарламентот при пребројувањето на гласовите требало да ги земе предвид и оние кои се воздржале од гласањето. Доколку било постапено така, според мислењето на Будимпешта, одлуката немало да биде усвоена

Судиите во Европскиот суд на правдата, меѓутоа, јасно ја отфрлија аргументацијата на Унгарија, истакнувајќи дека одлуката на Европскиот парламент била усвоена согласно законот. 

Во 2018 година европратениците изразија загриженост за слободата на печатот, академските слободи, малцинските права и дури и независноста на судството во Унгарија.


 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми