1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврорегионите- шанса за Македонија, Грција и Албанија

7 јуни 2006

На последната сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа, по примерот на најновиот еврорегион – Јадранскиот, покрената е иницијатива за создавање на еврорегион во Југо-Источна Европа, меѓу локални заедници од Македонија, Грција и Албанија, со цел да се подобри квалитетот на животот и да се дозволи забрзан економски развој на регионот

Еврорегионите ја олеснуваат соработката меѓу земјите членки на Европската Унија и земјите кои се уште не се членки.

На последната сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа, по примерот на најновиот еврорегион – Јадранскиот, покрената е иницијатива за создавање на еврорегион во Југо-Источна Европа, меѓу локални заедници од Македонија, Грција и Албанија, со цел да се подобри квалитетот на животот и да се дозволи забрзан економски развој на регионот.

Носители на проектот се општините Битола, Лерин и Корча.

„На регионот се работи веќе неколку години наназад. Инцијативата ја води институтот Исток-Запад, сега се наоѓаме во фаза кога треба да се официјализира. Значи ние, тука зборуваме за Југо-Западниот регион во Република Македонија, како Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп треба да се регистрираме како правен субјект. Истото тоа треба да биде направено во Грција и Албанија, таквите три регистрирани страни ќе можат компетентно да преговараат за идниот еврорегион“, ни објаснува градоначаланикот на Битола, Владимир Талески.

Во создавањето на овај eврорегион, локалните заедници гледаат можност за економски развој на еден од најнеразвиениоте региони во Европа.

„Се разбира, бидејќи покрај добрите односи кои се основата за развој, ние на еврорегионот гледаме како можност и цел за траен економски равој. Работиме на подготовката на повеќе заеднички проекти за соработка, како во областа на туризмот и културата, универзитетската соработка, институциите, па и за прашања од здравството.“, вели префектот на Лерин, Јанис Стратакис, кој ги оценува како одлични односите меѓу Лерин и Битола.

Навистина, односите засега се втемелени на културната соработка, но со најавеното олеснување на визниот режим за пограничните области на соседните земји на Европската Унија, се очекува зголемување на соработката.

„ Сигурно е дека тоа може да помогне, но визниот режим не е во наша надлежност, а и нашиот сосед не е членка на ЕУ, се водат дискусии за различни олеснувања. Сепак мислам дека ако започнеме да соработуваме по прашањето, кое им е познато на сите и ако тоа биде разрешено меѓу двете земји, тоа ќе ја разреши ситуација.“, смета префектот на Лерин.

Владимир Талевски, градоначалникот на Битола признава дека проблемот со името е една од пречките за создавањето на еврорегионот.

„Се е убаво до моментот кога треба да се направи некој документ меѓу двете држави. Го знаете кој е проблемот, проблемот не е од сега. Мислам дека тоа е проблем кој е измислен и всушност тој им пречи на сите страни, поточно ни пречи на сите – проблемот со името.“

„Ние сме подготвени за нашиот премин кон еврорегион, ни остануваат само уште неколку административни детали околу потпишувањето, по што можеме да ја направиме неговата промоција во Стразбур, како што беше направено со другите еврорегиони,“ додава Стратакис,

„Мислам дека по два-три месеци ќе бидеме сведоци на потпишување на новиот извршен комитет на еврорегионот“, вели градоначалниот Талески, кој во еврорегионот гледа шанса за враќање на стариот сјај и местото на градот во регионот.

„Битола на некој начин беше маргинилизирана, таа се наоѓа на границата со Грција. Мислам дека со овај процес и со новите процеси кои се отвораат, Битола си доаѓа на себе си. Мораме под хитно да ги искористиме сите капацитети и ресурси кои ги имаме. Општина Битола и општина Лерин ќе бидат првите општини кои што ќе покажат како треба да се однесуваат и двете држави.“

Тони Гламчевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми