1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евтини смартфони за земјите во развој

Ролф Венкел / Александар Методијев19 јуни 2013

Светот копнее по поевтини смартфони. Новиот сојуз меѓу снабдувачот на „Епл“, „Фокскон“ и „Фајерфокс“, развивачот на „Мозила“, планира да ја исполни оваа побарувачка нудејќи евтини смартфони.

Фотографија: DW/C. Chimbelu

Тајванскиот производител „Фокскон“ има план да развие бројни евтини мобилни уреди заедно со развивачот на софтвер „Мозила“. Таблетите и смартфоните ќе работат на оперативниот систем „Фајерфокс“ и се наменети за земјите во развој.

Компаниите веќе ја објавија својата соработка на саемот Компјутекс, кој се одржа во Тајванскиот главен град Тајпеј. Таму беше претставен и прототипот на „Фајерфокс ОС“ таблетот. Двете компании планираат да не застанат само на смартфони и таблети.

Прототип на Фајерфокс ОС таблетот беше претставен минатата неделаФотографија: LEON NEAL/AFP/Getty Images

„Фокскон“ е добро познат како снабдувач на „Епл“, „Дел“, „Мајкрософт“ и „Сони“, но се најде во медиумите поради информациите за лошите услови за работа во фабриките во Кина. „Мозила“, пак, е подружница на непрофитабилната Фондација Мозила и го разви популарниот интернет пребарувач „Фајерфокс“. Компанијата себеси се гледа како еден од „добрите момци“ во интернет заедницата, поради што некои од експертите сметаат дека соработката со „лошото момче“ „Фокскон“ е проблематична.

Софтвер базиран на интернет

Оперативниот систем „Фајерфокс“ за смартфони е отворен и не зависи од епови, туку од интернет. Програмите можат да функционираат преку интернет. Развивачите на овој модел велат дека тоа ќе ги направи смартфоните поевтини.

„Нашиот софтвер за мобилни телефони базиран на интернет користи помалку енергија и мемориски простор отколку што користи 'Андроидот' или 'иОС' на 'Епл'“, објасни за „Вол стрит журнал“ заменик претседателот за мобилни уреди во „Мозила“ Ли Гонг. „Така се нудат истите перформанси со помали трошоци за хардвер“, рече тој. „

Земјите во развој копнеат за смартфониФотографија: picture alliance/africamediaonline

„Фајерфокс“ на „Мозила“ му е конкурент на „Андроид“ системот на „Гугл“ или на „иОС“ од „Епл“. Но, слични планови за смартфони има и „Гугл“ преку својот пребарувач „Хром“. Но, разликата е што „Фокскон“ и „Мозила“ се фокусирани посебно на земјите во развој. Во нив промената од обични мобилни телефони на смартфони само што започна.

„Ние гледаме огромен потенцијал на пазарите во развој, каде корисниците и провајдерите на мобилни услуги копнеат за прифатливи смартфони“, вели Ли Гонг.

„Мозила“ во април веќе најави дека планира до крајот на оваа година да почне да ги продава своите евтини смартфони во најмалку 15 земји, меѓу кои и Венецуела, Бразил, Полска и Шпанија. Претходно, во февруари годинава, „Мозила“ информираше дека 18 големи провајдери, меѓу кои и „Дојче телеком“, се заинтересирани за уредите на „Фајерфокс“.

За „Фокскон“ оваа нова соработка доаѓа во вистинско време, бидејќи бизнисите со старите партнери се намалуваат. Компанијата се бори со намалените продажби во компјутерската индустрија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми