Египетскиот Воен совет ги презеде правата на парламентот
18 јуни 2012Нови избори ќе бидат одржани дури откако ќе биде преработен уставот и усвоен преку референдум, соопшти претставник на владејачкиот Воен совет. Влијателното Муслиманско братство овој чекор го оцени како „пуч против целокупниот демократски процес“ во Египет.
Египетскиот уставен суд во четвртокот (15.06) анулира голем дел од неодамна одржаните парламентарни избори во земјата и прогласи распуштање на парламентот. Вчера беше одржан вториот круг на претседателските избори со двајцата кандидати - Мохамед Мурси од Муслиманското братство и Ахмед Шафик, последниот премиер во владата на екс-претседателот Хосни Мубарак, кој беше соборен во февруари 2011-та година. Во вчерашниот изборен круг за победник се прогласи Мохамед Мурси, кандидат на Муслиманското братство.