1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет го потиснува Хамас

Маркус Симанк/ Симе Недевски7 март 2014

По Муслиманското братство, египетските властодржци сега преземаат мерки против палестинскиот Хамас. За таа цел уништуваат тајни тунели, но донесуваат и судски одлуки. Исламистите негодуваат.

Фотографија: Mohammed Abed/AFP/Getty Images

Египетскиот државно раководство веќе со месеци делува со сета сила против Муслиманското братство. Сега нивна цел е и неговата сестринска палестинска организација Хамас. Судот за брзо процесуирање во Каиро деновиве нареди затворање на египетската канцеларија на Хамас и одземање на сопственоста. Сите активности на оваа организација во Египет во иднина се забранети.

Голем број Египќани реагираа со задоволство на оваа судка одлука. „Верувам дека Хамас секојдневно ќе ја губи популарноста и поддршката како меѓу Палестинците, така и меѓу Египќаните“, вели Амр Хашем Рабие, политиколог во Ал-Ахрам Центарот за политички и стратешки студии. И тој како и голем број други набљудувачи во Египет го обвинуваат Хамас дека финансиски и политички им помага на терористите од Синај во нивната борба против египетската држава. Хамас ги отфрла овие обвинувања наведувајќи дека судските одлуки се политички мотивирани.

Уништени стотици тунели

Последната судска одлука има за цел политички ослабениот Хамас уште повеќе да го ослабе. Како еднинствена арапска земја која граничи со Појасот Газа, Египет може да изврши притисок и со други средства: Така египетската војска минатото лето уништи две третини од околу 1.200 тунели за криумчарење вода од Синајскиот полуостров до оваа палестинска област. Изминатите години низ овие тунели беа шверцувани прехранбени производи, гориво, градежни материјали, медицински материјал, но и оружје. Со оваа акција на египетската војска ослабе локалната економија, инфлацијата се зголеми.

Фотографија: Patrick Baz/AFP/Getty Images

Според мислењето на египетскиот експерт за Блискиот Исток, Хусеин Али со одлуката за забрана на активностите на Хамас дополнително ќе се намали просторот за делување на оваа организација. „Оваа одлука ќе го ослабе Хамас и ќе го намали бројот на терористички напади во Египет“, вели тој. Тој смета оти на милитантните исламисти сега ќе им биде отежнато да инфилтрираат борци од Синај.

Приближување за време на владеењето на Мурси

По изборот на Мухамед Мурси како прв исламистички претседател на Нил, Хамас се надеваше на поголема соработка со Египет. Мурси пак никогаш не ја криел својата идеолошка блискост со Хамас. Како египетски претседател Мурси планираше олеснување на прекуграничниот сообраќај и подобра економска соработка. За време на неговата претседателската функција оваа палестинска организација своите интерни избори ги одржа во Каиро. По зголемениот број атентати на Синај Мурси- веројатно и под притисок на безбедносните сили- се откажа од понатамошно приближување.

Фотографија: Reuters

Експертот Рабие вели дека политиката на Мурси кон Хамас веќе не била опција со оглед на лошата безбедносна состојба: „Ситуацијата во Египет тогаш се смени во целост. Приоритет беше Египет да се заштити од можна штета од страна на Хамас.“ Повеќе од 170 војници и полицајци ги изгубија животите во воениот удар против Мурси во летото 2013. година, а поголемиот број од нив на Синајскиот полуостров. За најголем број напади одговорност преземаа групите блиски на Ал Каеда како што е „Ансар Беит ал-Макидс“. По промената на власта во Каиро насилството оди на сметка на Муслиманските браќа и Хамас.

Хамас зборува за предавство

Од летото 2013. година Каиро изгради врски со умерениот Фатах, кој има власт на Западниот брег и кого го поддржуваат поголемиот број западни земји. И Фатах бараше од египетската влада да превземе против Хамас одредени политички активности. Во јануари во Каиро е одобрено одржување на конференцијата на групата Тамаруд (Бунтовници). Оваа група бараше рушење на режимот на Хамас и се орјентираше на истоименото движење кое минатото лето во Египет бараше соборување на Мурси.

Хамас му префрли на раководството во Каиро дека со своите постапки го издава палестинскиот народ. Портпаролот на Хамас изјави дека актуелната судска пресуда им прави штета на Египет и на палестинскиот отпор против Израел.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми