1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еготрипот на Ердоган

Петер Штурм/ФАЦ
15 јуни 2019

Турција е решителна - сака да купи руски систем за противвоздушна одбрана. Претседателот Ердоган (веќе) нема обѕири кон НАТО. Курс кој е опасен и за алијансата, оценува Петер Штурм.

Russland S-400 Triumf
Рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400 важи за многу модерен и ефикасенФотографија: picture-alliance/dpa/S. Malgavko

Што претставува еден сојуз и зошто се создава? Најблискиот одговор на ова прашање е всушност тој дека државите се здружуваат за да се одбранат од конкретна опасност. Или барем за да бидат подготвени за одбрана од потенцијални закани.

Компромиси се секогаш неопходни

Во последно време улогата на сојузите се става сѐ повеќе под знак прашалник, поради тоа што во соработката на повеќе актери секогаш мора да се прават и компромиси. Зборот „компромис“ наводниот силник во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган, го избриша од својот вокабулар по неуспешниот обид за пуч пред три години.

Петер ШтурмФотографија: Frankfurter Allgemeine Zeitung

Само, проблемот со Ердоган е што тој го изедначува она што нему му е од полза со интересите на турската држава. А, со оглед на тоа што си стави во глава дека САД мора да го испорачаат проповедникот Ѓулен, кого Ердоган го прогласи за подбуцнувач на обидот за пуч, тој е подготвен да преземе прилично ризични потези за да ги натера Американците да попуштат. Тоа што Турција - од добри причини - е членка на НАТО, за Ердоган очигледно веќе не игра улога. Тој за својата земја и онака бара сопствен пат. Притоа, во ликот на рускиот претседател Владими Путин има човек кој му е духовно близу. Нему, рака на срце, интересите на Турција не му се важни, но кога се работи за слабеење на НАТО, Путин веднаш се претвора во уво.

Оттука, од перспектива на Москва е сфатливо дека на Турција треба да ѝ се продаде системот за противвоздушна одбрана С-400. Со тоа не само што се забива клинец во западниот сојуз, туку Москва, како колатерална полза, добива и вредни информации за НАТО. Кога турската влада уверува дека тоа нема да се случи, тоа е или непростливо наивно, или едноставно - лага.

Сѐ уште приемчив за разумни аргументи?

Додуша, НАТО-партнерите со Турција и натаму разговараат околу купување американски Патриот-систем за одбрана. Но, тука се работи пред сѐ за уште еден еготрип на турскиот претседател. Сосема е нејасно дали до него воопшто може да се допре со разумни аргументи. Доколку не, Американците гарантирано ќе воведат нови санкции против Анкара. Тоа потоа ќе го почувствуваат сите Турци. А, тоа нема да ја направи алијансата попопуларна на Босфорот. Значи, ситуацијата за НАТО изгледа е „lose-lose“ (двојна загуба, н.з.).

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми