1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една година од нападот врз ОН во Багдад

19 август 2004

На 19 август минатата година во нападот беа убиени 22-ца соработници на светската организација, меѓу нив и одговорниот за човекови права Серџо де Мељо. На денешната комеморација во Женева учествува и генералниот секретар Кофи Анан.

Серџо де Мело загина пред една година во Багдад во терористички напад заедно со 21 соработници на ОН
Серџо де Мело загина пред една година во Багдад во терористички напад заедно со 21 соработници на ОНФотографија: AP

“Ќе се обидам таму да стигнам најдоцна во понеделник изутрина“.

Ова се случи пред повеќе од една година. И покрај се што се случуваше тогаш во Багдад, тимот на Де Мељо сепак беше мировна армада. Серџо де Мељо ја исполнуваше својата мисија и преку нејзините граници. Од утро до ноќ, во неколкуте недели до убиствениот напад, беше прсредник меѓу сите фронтови. Неговата смрт ги уништи надежите дека на Ирак може да му се помогне, а нападот за миг ја парализираше меѓународната заеница, како што изјави германскиот амбасадор Волфганг Траутвајн:

“Ова срамно терористичко злосторство е напад насочен врз Обединетите нации, врз меѓународната зедница и против самиот ирачки народ“.

“Грозен и бесмислен чин. Одвај може да се верува дека навистина се случи“.

Посебно Кофи Анан во првите месеци по загинувањето на соработниците на ОН, меѓу нив и неговиот можен наследник Де Мељо, беше длабоко несигурен. Оттогаш Анан како да сакаше да се поштеди од секој поголем ризик. Во секоја пригода потсетува дека знамето на Обединетите нации веќе не нуди голема заштита и дека безбедноста е првата заповед, пред се во Ирак:

“Оваа годишнина на извесен начин сите не потсетува во колку опасни околности се наоѓаат соработниците на ОН. И не посетува колку е важно да се зголеми вкупната безбедност“.

Ова барање е содржано во сите резолуции за Ирак. Анан се уште ја одбива зголеменета улога на ОН се додека неговите соработници не бидат доволно заштитени. Меѓутоа, големиот број помошници за изборите во земјата не е на повидок подеднакво како и заштитните единици за нив запишани во последната резолуција за Ирак. Не може да се предвиди што ќе значи тоа за изборниот термин во јануари идната година. Сегашната мисија е длабоко фрустрирана од фактот што земјите-членки на ОН го оставаат Анан на цедило:

“Ако ОН треба да играат важна улога, тогаш мораат да се вратат во Ирак. А кога прашувате зошто ОН не можат да бидат доволно заштитени за да им се овозможи враќање, тогаш не треба да ме прашувате мене, туку нив“.

Една година по смртта на Де мељо, ОН не само што не се ни во вториот ред, туку се сосема настрана. Судан, Бурунди, Косово и Израел во моментов се доминантни теми во Њујорк.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми