1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една милијарда долари за навигационен систем?

АТ/ ртр/дпа10 јуни 2013

„Гугл“ продолжува со купување. Фирма понудувач на онлајн карти од Израел за американскиот концерн е вредна една милијарда долари. Наводно за неа бил заинтересиран и „Фејсбук“.

Фотографија: Reuters

Американскиот интернет гигант најверојатно наскоро ќе ја преземе фирмата „Вазе“ (Waze) специјализирана за мобилни карти, информираат израелските и американските медиуми. „Гугл“ очигледно ја надминал понудата на другите заинтересирани страни и бил подготвен да плати една милијарда долари, пишува „Вол стрит журнал“ додека израелскиот финансиски весник „Глобес“ говори за 1,3 милијарди долари.

„Вазе“ според водечки медиуми преговарал со повеќе понудувачи. Меѓу нив се вбројува и социјалната мрежа „Фејсбук“. Дополнителните услуги, кои би можеле да бидат користени за смартфони или таблет- комјутери, за концерните како „Гугл“ и „Фејсбук“ стануваат се' поважни. Имено со нив се зголемува и користењето на мобилни апарати, а со тоа и потеницијалните приходи од реклами, кои би можеле да бидат генерирани преку нив.

Мрежа за возачите на автомобили

„Вазе“ дава навигациони упатства врз база на информации на корисниците и функционира како еден вид онлајн мрежа за возачите на автомобили. Тие меѓусебно се информираат за статусот, несреќите или поставени радари. „'Гугл' секоја година дава огромни суми, за да се изработат податоци за картите и да се актуализираат“, појаснува шефот на „Вазе“ Ноам Бардин. „Кај нас тоа го прават самите корисници, во реално време, и тоа доброволно“.

Епот на „Вазе“ во меѓувреме е инсталиран на околу 47 милиони смартфони. Претпријатието формирано во 2008 година во Израел има околу 100 соработници и во меѓувреме се пресели во Пало Алто во американската сојузна држава Калифорнија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми