1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една ноќ во Фергусон

Геро Шлис/бг11 август 2015

Ноќта во Фергусон досега често носеше смрт и насилство. И по мирната комеморација за смртта на Мајкл Браун, убиен минатата година, состојбата брзо ескалира.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hastings

Ноќ е во Фергусон. Се слуша само заканувачката бука на хеликоптерите кои кружат на небото. На стрмниот терен меѓу паркираните автомобили и заградените дуќани се туркаат демонстранти. Жолтото светло од неколку светилки ги покажува контурите на нивните тела, но цртите на нивните лица едвај можат да се препознаат.
Бројни млади, со црна боја на кожата меѓу нив, некои се голи до појас, како да сакаат да ја покажат својата машкост. Делува како да го избрале најтемното место на авенијата Вест Флорисант. Стотици луѓе се на двете страни на улицата.
Одеднаш меѓу нив минува автомобил на чиј кров, како статуа, стои еден маж. Може да се забележи дека едната нога му е во гипс. Подоцна автомобилот е паркиран пред фризерскиот салон, кој во ноќта од понеделникот кон вторникот беше мета на напади. И мажот со ногата во гипс е тука, покажува знак за победа и пуши цигара.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hastings

Судир со полицијата

Мнозинството луѓе не му обрнуваат внимание, нивните погледи лутаат, а тие молчат и чекаат. Како и претходната ноќ, кога токму на ова место дојде до размена на оган меѓу полицајците во цивил и 18-годишниот Тајрон Х. На крајот ова момче заврши во болница со тешки повреди.
Роберта Линч била присутна кога одекнале истрелите во ноќта и кога луѓето панично се разбегале. Но, и покрај тоа повторно дошла тука. Зошто, не може точно да каже. И таа како и бројни други присутни носи маичка со текст „Black Lives Matter" (Црните животи имаат значење). Во секој случај, и олесна бидејќи властите воведоа вонредна состојба во Фергусон и во округот Сент Луис.
Сега за Фергусон се надележни полициски, воени и спасувачки сили од Сент Луис. „Тоа ќе им го спаси животот на многумина“, вели таа. Сепак тоа не значи дека таа им верува на силите на редот, ни на оние од округот, ниту на градската полиција од Фергусон. И покрај тоа сигурно е дека градот ќе излезе на крај со тоа, иако по мирната комеморација во чест на Мајкл Браун дојде до насилства. Таа се моли овојпат да остане мирно, но залудно.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hastings

Подоцна во текот на ноќта доаѓа до конфронтација меѓу демонстрантите и полицијата која користи палки, „пепер“ спреј и солзавец. Некои демонстранти се уапсени, меѓу нив, наводно и едно 12-годишно девојче. Недалеку оттаму приврзениците на проповедникот Били Греам го паркирале својот камион. Го нарекуваат „Мобилен свештенички центар“. Луѓето на Греам се секаде каде што има немири и насилство. Неодамна биле во Балтимор, повеќе пати и во Фергусон.

Силата на верата

Кевин Вилијамс е нивниот шеф, а членовите на тимот во текот на ноќта ги испраќа да разговараат со луѓето и да ги смират можните насилници. Притоа, нивната присутност и силата на нивната вера треба да произведат чуда.
Со оглед на конфронтацијата која се надзира на улиците, Вилијамс не сака да слушне за „неуспех“. Како луѓето ќе реагираат е божја волја, а не наша, вели тој. Смета дека е важно тоа што неговиот тим не е пристрасен. „Ние ги сакаме и насилниците“, вели тој. Но, кога ќе започнат престрелките тоа веќе не е работа за неговиот тим, туку за полицијата. А полицијата, во првата ноќ откако е во сила вонредната состојба сака да преземе остри мерки.
„Овојпат нема да ги завземат улиците“, вели шефот на полицијата Џон Белмар. И делува како да ќе ја исполни таа закана. Но, нејасно е колкава ќе биде цената за тоа.

Активистот Кевин ВилијамсФотографија: DW/G. Schließ
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми