1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Една четвртина од Хрватите со корона-антитела

СН/агенции
12 март 2021

Најновото серолошко истражување во Хрватска покажува дека 25 проценти од граѓаните имале контакт со коронавирусот. Тоа е речиси десетпати повеќе отколку во претходното вакво истражување во минатата пролет.

Kroatien Krankenhaus in Dubrovnik
Фотографија: Igor Lasic/DW

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство, Крунослав Цапак, изјави дека со серолошко истражување е утврдено дека 25 отсто од граѓаните или околу еден милион биле во контакт со коронавирусот. „Во Хрватска досега имаме 240.000 заболени, а четирипати повеќе лица биле во контакт со вирусот отколку што имаме регистрирани“, изјави Цапак на конференцијата за новинари во Загреб.

Претставувајќи ги резултатите од истражувањето, Цапак рече дека тоа е спроведено на 1.436 испитаници, а се покажало оти 25 насто од примероците биле позитивни на антитела на Ковид-19, што значи дека тие лица биле во контакт со коронавирусот.

Слично испитување е направено и пролетта минатата година, во првиот бран на епидемијата, а тогаш меѓу 1.088 испитани имало само 2,2 отсто позитивни.

Фотографија: Anđelko Šubić/DW

Во најновото истражување, примероците на крв се земени во декември, јануари и во почетокот на февруари, од што е видливо, како што рече, дека на резултатите не влијаело вакцинирањето, бидејќи нивниот број е мал. Истражувањето покажа оти присутноста на антитела е рамномерна меѓу старосните групи, но дека е помала кај постарите од 70 и помладите од 10 години, кај кои позитивни се 19,2 отсто, што е, како што рече Цапак, изненадување, бидејќи се очекувал помал број.

Повеќе:

-Коронавирусот галопира на Балканот, државите уриваат рекорди

-Први случаи на коронавирус во Швајцарија, Австрија и Хрватска

-Коронавирусот пред портите на Хрватска

Цапак оцени дека примерокот е доволно репрезентативен и оти нема потреба за истражување кое би опфатило повеќе учесници. Истражувањето покажа оти над 75 насто од оние кои биле во контакт со вирусот стекнале имунитет.

Во изминатите 24 часа во Хрватска се забележани 823 новозаразени со коронавирусот, а починале 12 лица. Во моментов има 4.522 активни случаи.

Прашан за сѐ поголемиот број држави кои одлучија привремено да го запрат вакцинирањето со вакцината на АстраЗеника, Цапак одговори дека Хрватска продолжува со вакцинирањето и оти не ја примила спорната серија на вакцината од овој произвеводител.

Тој објасни оти одлуката на тие држави е донесена „поради претпазливост поради тромбоемболиски реакции“ и дека вакцинирањето ќе биде продолжено ако се утврди оти тие реакции не се поврзани со вакцината.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми