Едниот од германските заложници во Авганистан е мртов
22 јули 2007Реклама
Во случајот со двајцата грабнати Германци во Авганистан и натаму има противречни информации за смртта на едниот од нив. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер соопшти: “По денешната работа во кризниот штаб, мораме да поаѓаме од тоа дека едниот од двајцата Германци почина во заложништво. Ништо не укажува на тоа дека бил убиен, се’ зборува за тоа дека им подлегнал на напорите на кои го изложиле грабнувачите”.
Сојузната влада ќе стори се’ што е можно за да се спаси животот на вториот заложник, рече Штајнмаер. Весникот “Билд ам зонтаг”, меѓутоа, известува дека претставници на германските власти на посмртните останки откриле повреди од истрели.