1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еквадор: Интернетот на Асанж не е исклучен по интервенција

Милан Гањон
19 октомври 2016

„Свиркачот“ Асанж последните 5 години ги помина во амбасадата на Еквадор во Лондон за да ги избегне обвинувањата за сексуален напад

Großbritannien Botschaft von Ecuador in London
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Leal-Olivas

Владата на Еквадор потврди декаго ограничила пристапот до интернет на Џулијан Асанжоткако Викиликс објави документи од електронската комуникација на членови на кампањата на кандидатот на Демократската партија за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон.

Во известувањето за јавноста, Министерството за надворешни работи на Еквадор истакна дека „Владата на Еквадор ги почитува и нема да се меша во внатрешните работи на други држави“.

Пристапот до интернет на Асанж беше ограничен за време на објавувањето на контроверзни документи пред самиот крај на претседателската трка во САД. Објавената електронска комуникација на поранешниот советник на Клинтон, Џон Подеста, предизвикува загриженост поради „блискоста" на Хилари Клинтон со банките од Вол Стрит, нејзината поддршка за опасниот метод на извлекување на природен гас од земјата (хидраулично фрактурирање), како и позитивниот став кон тајните операции на армијата на САД, „се додека останат тајни". Доколку истите информации беа објавени неколку месеци порано, тоа можеше да доведе до поинаков исход за поранешната државна секретарка во борбата против сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс за номинацијата од Демократската партија.

Викиликс не го открива изворот на пораките од електронската пошта на Џон Подеста. Извори од американското разунување тврдат дека агенти кои работат за интересите на руската влада, упаднале во електронската пошта на Подеста, со цел да изведат сценарио на Кремљ.

Фотографија: Reuters/A. Schmidt

По наредба на САД?

Викиликс обвинува дека властите во Еквадор го ограничиле пристапот до интернет на Асанж по притисок извршен од високи претставници на САД, меѓу кои и државниот секретар Џон Кери. САД ги отфрлија ваквите обвинувања.

Министерството за надворешни работи на Еквадор исто така ги отфрли обвинувањата, а во соопштението за јавноста беше наведено дека „надворешната политика на Еквадор се води според суверените одлуки на владата и не подлежи на притисок од други држави“. Исто така, во соопштението беше објаснето дека ограничувањето на комуникациите во амбасадата „не ја сопира Викиликс како организација да ги спроведува своите новинарски активности".

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа веќе искажа поддршка за Хилари Клинтон. „Би сакал за доброто на САД да победи Хилари, која исто така ја лично ја познавам и многу ја ценам“, изјави Кореа за пропагандистичкиот руски канал „РТ" во интервју во септември.

Откако беше соочен со обвинувања за сексуален напад на две жени во Шведска, во јуни 2012 година на Асанж му беше одобрен азил во амбасадата на Еквадор во Лондон. Оттогаш, Асанж престојува таму во страв дека може да биде екстрадиран во Шведска од страна на британските власти, кои пак би можеле да го предадат на САД.

Администрацијата на Обама отпочна кампања против свиркачите. Во текот на летото Челси Менинг се обиде да изврши самоубиство во затворот каде отслужува 35 годишна затворска казна поради откривање на информации за хеликоптерски напад над цивили во Ирак. Поранешниот соработник на Националната агенција за безбедност на САД, Едвард Сноуден, побегна во Русија откако откри информации за масовното шпиунирање на електронските комуникации на луѓето од целиот свет.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми