1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потрошувачите остануваат претпазливи

Клаус Улрих
28 септември 2021

Климата за трошење во Германија се разведрува, но обврската за носење маски и правилата за дистанца и натаму влијаат врз расположението на потрошувачите за шопинг.

Studie zum Konsumklima in Deutschland
Фотографија: Daniel Reinhardt/dpa/picture alliance

Расположението за трошење во Германија се разведрува, навреме пред божиќниот период. Нирнбершкиот институт за истражување на потрошувачката (ГфК) во своето истражување во септември утврдува дека расположението на Германците за трошење е речиси на ниво како пред корона-кризата. Претходно, барометарот за расположението за трошење бележеше пад два месеца по ред.

Порастот на расположението се објаснува со оптимизмот во однос на изгледите за платите во земјата и позитивните проценки на конјунктурната состојба, оценува ГфК. Инаку, генерално, расположението за трошење сѐ уште не е доволно добро, зашто Германците се и натаму претпазливи, објаснува експертот за потрошувачка Ролф Биркл. Желбата за трошење е помала и во однос на септември 2020 година, кога корона-кризата беше во полн ек.

Пандемијата сѐ уште го диктира расположението на потрошувачите. „Зголемувањето на инциденцијата во времето на спроведување на студијата беше значително забавено, а во моментов бројките се дури и малку помали. Тоа е причина за зголемување на оптимизмот на потрошувачите дека четвртиот бран ќе биде многу поблаг отколку што многумина стравуваа“, објаснува Биркл.

Повеќе:

Короната ги натера Германците да си ги чуваат парите

Германците штедат и се богатат

Според него, иако потрошувачката клима е речиси на истото ниво како пред пандемијата, прерано е да се зборува за промена на трендот. „Тоа зависи пред сѐ од состојбата со инфекцијата во зимските месеци и од тоа дали ќе бидат потребни нови рестрикции.“

„... Обврската за носење маски и правилата за држење дистанца, и покрај полните паричници, и натаму ја 'убиваат' желбата за купување“, вели Биркл.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми