Економската криза ќе ја спаси недопрената природа на Чигоч?
7 април 2012На есен небото над местото Чигоч многу ретко се расветлува. Овде живеат едвај 100 луѓе, но затоа, пак, во лето има преку 100 штркови. Во зимскиот период од годината, штрковите се на пат кон топлите краеви, како Африка на пример. Затоа, пак, Чигоч со гордост го носи името: европско село на штрковите –единствено во Европа. Чигоч се наоѓа во природниот парк Лонско поле. Тоа е едно од последните недопрени речни области во Европа. И покрај тоа што местото по течението на реката Сава важи за загрозено од поплави, сепак изобилува со невидено животинско богатство, особено за птиците ова е вистински рај. Меѓутоа, областите со пејсажи покрај реката Сава се само акутно загрозени, бидејќи низводно треба да се гради канал, кој ќе ги поврзе Сава со Дунав.
Каналот треба да овозможи побрз сообраќај
Каналот треба да биде долг околу 60 километри со две брани за регулирање на водата. Возењето по каналот треба драстично да се намали: „Се разбира дека за природата е најдобро да не се гради ништо. Но, Хрватска има право стопански да се развива. Мислам дека во овој процес направивме се’што можевме,“ вели Ненад Микулиќ од Министерството за екологија на Хрватска.
Заштитниците на природата одлучно се против градбата на каналот. Тие стравуваат дека каналот, и покрај сите мерки што ќе се преземат, ќе им ја земе водата на влажните области, како што се мочуриштата на пример. „Ќе се поврзат две реки, што до сега не беа поврзани. Со тоа ќе се смени дотокот на вода до најважните влажни области во Хрватска и Европа“, Јагода Муниќ, приврзаник на заштита на природата и член на организацијата „Пријатели на земјата“.
Земјиштето околу Чигоч постојано се поплавува
Природниот парк на селото му донесе значителен стопански подем. Се’ повеќе туристи, повеќе странци, доаѓаат да го посетат Чигоч. „Сезоната е од мај до септември или октомври. Морам да признаам дека тоа не е многу долг период. Меѓутоа, гостите доаѓаат од секаде на светот, од Германија, Франција, Австрија, Канада, па дури и од Јужна Африка“, објаснува Снежана Север, сопственичка на една гостилница.
Но, дали ќе продолжат да доаѓаат гостите доколку овде во иднина седат на сува почва, не се знае.
„Каналот е далеку од нас, но сепак мислам дека ќе има влијание и врз нас. Видете, веќе сега имаме помалку вода во бунарите. Кој знае, како ќе изгледаат работите подоцна?“, се прашува Маријан Павловиќ. Токму ова прашање го мачи и директорот на природниот парк. Изградбата на каналот треба да чини околу 600 милиони евра. За да може да се вратат трошоците треба реката Сава да се оспособи за бродски сообраќај. Тоа, пак, знаќи дека ќе дојдат багерите и булдожерите и тогаш паркот Лонско поле навистина ќе биде загрозен.
Има ли шанси природата да остане недопрена?
„Притисокот ќе расте за да се овозможи бродски сообраќај по реката Сава. На тој начин ќе порасне и притисокот да се превземат одредени градежни мерки во оваа област. Тоа, се разбира, ќе влијае врз националниот парк и речната област“, вели Гордан Гугиќ од националниот парк Лонско поле. Постои уште една шанса да се спаси паркот, а тоа е финансиската криза. Таа би можела да ги урне плановите и природниот рај покрај Сава да остане недопрен.