Економски санкции против Турција- меч со две острици
7 ноември 2016Околу половина од извозот на Турција оди во Европската Унија и околу 60 проценти од инвестициите во Турција доаѓаат од ЕУ, изјави денеска за германското радио Дојчландфунк, министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн. „Тоа е апсолутно средство за притисок, и во еден момент ќе дојдеме во ситуација, да го употребиме ова средство на притисок“.
Германија, според изјавата на владиниот портпарол Штефен Зајферт не ги поддржува ваквите размислувања. „Германската влада во моментов не се вклучува во дебати за санкции“, изјави Зајферт денеска во Берлин. Сега, според него, е неопходен јасен и заеднички европски став кон Турција. „Затоа е важно каналите за разговор да се држат отворени“. Доколку Турција повторно ја воведе смртната казна, преговорите за членство во ЕУ, меѓутоа, мора да бидат прекинати, додаде Зајферт.
Меч со две острици
Санкции од ЕУ веројатно тешко ќе ја погодат и онака економски заслабнатата земја, но од другастрана ќе создадат проблеми и за германската извозно ориентирана економија. По неуспешниот пуч во Турција во летото, курсовите на акциите во Турција забележаа голем пад, а вредноста на националната валута - лирата иташе од еден кон друг негативен рекорд. Рејтинг агенцијата Стандард и Пурс ја намали оценката за кредитоспособноста на Турција од ББ+ за еден степен на ББ- односно „ниво на ѓубре“
По обидот за државен удар политичкиот пејсаж се поларизира, ја образложи агенцијата својата одлука. На земјата и претстои подолга фаза на политичка несигурност. Тоа би можело да ги оптовари приливите на капитал од странство. Од другастрана земјата со години наназад бележи дефицит во билансот на стопански остварувања и затоа е упатена на странски инвестиции.
Германија и Турција оддржуваат тесни трговски односи. Во 2015 година, билатералниот трговски волумен изнесуваше преку 36 милијарди евра. Турција извезе стока во вредност од 14 милијарди евра во Германија и од другастрана увезе германски производи во вредност од 22,4 милијарди евра. Со тоа Турција го зазема 14-то место на листата на најважни извозни пазари на Германија. Околу 60 проценти од германскиот извоз таму отпаѓа на машиноградбата како и на автомобилската и хемиската индустрија.
„Цивилна смрт“
Инаку Аселборн во денешната изјава остро го критикуваше развојот на политичката ситуација во Турција истакнувајќи дека постапките на претседателот Реџеп Таип Ердоган се како„ упатство за воспоставување“ на диктатура. Курдите и Турците се плашат и можат во секое време да звршат во зетвор. Тоа е недостојно за една земја, која сака да биде членка на ЕУ, истакна луксембуршкиот министер, според кого во Турција во моментов се спроведува нешто како „цивилна смрт“. Во прв ред на оние кои се пуштаат од затвор имињата им се објавуваат во Службен весник. Овие луѓе повеќе немаат шанса да најдат работно место. Дипломите и пасошите им се уништуваат. Тие повеќе немаат примања, ги губат домовите и ќе страдаат од глад. „Тоа се методи, а тоа мора незавиено да се каже, кои се употребувале за време на владеењето на нацистите.“