1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арктикот се топи, експертите загрижени

Стјуарт Браун
28 февруари 2018

Додека Европа се мрзне на поларни температури, на Арктикот владее речиси пролетно време. Што се случува и дали ова има врска со глобалното затоплување?

Schmelzendes Eis in der Arktik
Фотографија: picture alliance/Everett Collection

Додека медиумите низ европскиот континент јавуваат за „Сибирскиот експрес“ и т. н. „Чудовиште од истокот“, а температурите се спуштаат далеку под нулата, на крајниот север на земјината топка, на Арктикот се случува „пролет“. Во неделата, температурата на најсеверниот дел на Гренланд се искачи на 6 степени Целзиусови над нулата. И оттогаш постојано е над нулата. Мразот на Арктичкото море исто така се повлекува со рекордна брзина.

„Ова е неверојатно за февруари, кога се уште владее постојан мрак“, вели Рут Мотрам, климатски научник во Данскиот метеоролошки институт, која ги следи просечните температури во Арктикот.

„Никогаш не била толку висока во ова време од годината“, вели Мотрам за ДВ. „Никогаш не било олку топло. Ова е многу, многу неовообичаено“.

Се топи мразот и во Беринговото море

Дополнително, речиси една третина од мразот кој го покрива Беринговото море западно од Алјаска исто така исчезна. Но тоа не беше постепен процес, мразот се повлече за неверојатни осум дена на средината на февруари, според извештај на магазинот „Inside Climate News“.

Во период кога морскиот мраз би требало да го достигне највисокото ниво, прекривката на Беринговото море се спушти на едвај 60 проценти под нивото кое беше бележано од 1981 до 2010 година.

Климатските експерти се шокирани од загревањето на Арктикот.

„Лудото време продолжува со застрашувачка сила и упорност“, напиша на Твитер, Ларс Калешке, професор на Универзитетот во Хамбург. Додава дека не видел такви температури во својата 25-годишна истражувачка работа.

Климата се менува со фатални последици

01:16

This browser does not support the video element.

Но што го предизвикува затоплувањето на Арктикот?

Ослабнат поларниот вортекс

Доминантната теорија се врти околу ослабувањето на т. н. поларен вортекс - со други зборови, масата на замрзнат воздух која се одржува над Арктикот во зимските месеци. Таа се регулира и со воздушните струења кои станаа прилично нерегуларни, делумно и поради климатските промени.

„Системите со висок притисок над Гренланд и европскиот континент го насочуваат потоплиот воздух со низок притисок кон Северниот пол“, вели за ДВ Кетрин Адамсон, предавач на Универзитетот во Манчестер.

Тоа предизвикува поделба на поларниот вортекс, а резултатот е масата од студен воздух која се движи на југ кон Европа и Северна Америка.

Поради невообичаената топлина, актуелното ниво на ледената обвивка на Арктикот е најниско во историјата во ова време од годината. Дополнително, северно од Гренланд се појави водена површина на местото каде досега традиционално морето беше замрзнато. „Ова е неверојатно, и многу ретко се случува“, вели Мотран.

Многумина стравуваат дека топењето на мразот ќе го направи Арктикот ранлив на зголемениот транспорт, како и на рударство и рибарење. Со изменетите временски услови на Арктикот, вели Мотрам, постои се поголема загриженост кај научниците кои ги анализираат климатските промени.

„Многу е интересно да се биде научник на Арктикот во моментов. Но понекогаш си посакувам да биде малку поздодевно“.


Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми