Експерти за бегалците: „Не смее да се повтори 2015-та“
Волфганг Дик
7 март 2020
На границата на Турција со Грција и Бугарија се одвиваат драматични сцени со бегалците кои сакаат да влезат во ЕУ. Дали Германија е подготвена за нов бран на луѓе на кои им е потребна заштита?
Реклама
„Притисокот од мигрантите е особено голем," предупреди пред три дена германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер од ЦСУ на Европскиот конгрес на полицијата во Берлин. Тој постојано повторува дека границата кон Германија не е отворена. „Не смее да се повтори ситуацијата од 2015 година," категоричен е Зехофер.
Портпаролот на Здружението на германските градови и општини Александар Хандшу потенцира дека многу од капацитетите за сместување кои беа подигнати набрзина поради бегалскиот бран во 2015-та се отстранети." Не можеме да држиме илјадници кревети во резерва за случај да се повтори ситуацијата како што беше во 2015та," вели Хандшу.
Ограничени капцитетите на прифатилиштата
Поголемиот дел од 11.000 општини во Германија се добро опремени за прифаќање на нови бегалци. Но, тое не доволно за сместување на речиси еден милион бегалци. Социјалдемократите од Бремен и Берлин велат дека тие имаат доволно места за околу 2000 до 3000 бегалци. Само за споредба – во 2015-та во Берлин пристигнаа околу 79.000 бегалци.
Берлинска служба за здравство и социјални прашања тогаш не беше подготвена за настанатата ситуација. Се случи вистински потрес. „Логистички можеме да се справиме со најмногу 200.000 до 250.000 бегалци. Но, мора да бидеме свесни и за последиците," вели Хандшу за ДВ. „Не станува збор само за сместувачките капацитети, туку и за успешна интеграција на тие луѓе. А предуслов за тоа е тие правилно да се регистрираат."
Хаос со регистрацијата
„Во 2015-та најголем проблем беше тоа што земјите од југот на Европа ги пропуштаа бегалците преку границите без да ги регистрираат. Едноставно само мафтаа со рака и поминува во насока кон земјите од северот на континентот," се присетува Хајко Тегац од Синдикатот на германски полицајци. Тој вели дека овие луѓе за прв пат биле регистрирани дури во Германија. Денес на границата на Германија се ангажирани од 3000 до 5000 граничари и полициски службеници. Тие не би биле во можност повеќе од 14 дена да го запрат приливот на бегалци. „Поради ова во сојузната полиција побаравме отворање на нови работни места за околу 3000 лица," вели Тегац. Тој верува во соработката со Фронтекс и нивното функционирање на надворешните граници на ЕУ. „По нашите европски партнери ние сме втора линија на контрола."
Германската сојузна полиција има доволно овластувања. „Со цел спречување на недозволено преминување на границата ние сме овластени да примениме многу средства – од солзавец до водени топови," појаснува Тегарц. Уште во 2019 Фронтекс регистрираше 139.000 обиди за илегален влез во ЕУ.
Со оглед на фактот дека на почетокот на 2017-та година во речиси 40% од канцелариите на Службата за странци им недостасуваа технички уреди за утврдување на идентитет многу имиња се запишани погрешно, а некои отпечатоци од прсти им се припишани на погрешни луѓе.
Дел од користените методи како биометрија на глас или автоматско препознавање на дијалектот се покажале како неефикасни. Можноста за грешка била 20%, велат експертите за арапски јазик.
Година на бегалците
Никогаш досега не биле толку луѓе во бегство како во 2015. Голем број пристигнаа во Германија и во Европа. Тоа беше „историски тест“, рече канцеларката Меркел. Потсетување на една трогателна година.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Успеавме!
Овие млади луѓе од Сирија минаа уште една опасна етапа на нивниот пат. Пристигнаа во Грција, а со тоа и во ЕУ. Но со тоа не ја постигнаа крајната цел. Сакаат да продолжат натаму кон север, во други земји на ЕУ. Најголемиот дел од нив, во 2015, пристигнаа во Германија и Шведска.
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis
Преку Средоземното Море
Патот кој го оставија зад себе е опасен по живот. Голем број бегалски чамци потонаа или се превртија во морето. Овие сириски деца и нивниот татко имаа среќа. Тие беа спасени од грчки рибари во близина на островот Лезбос.
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis
Сликата која го потресе светот
Тригодишниот Ајлан Курди не го преживеа бегството. На почетокот на септември тој се удави заедно со неговиот брат и нивната мајка во водите на Егејот во обидот да стигнат до островот Кос. Фотографијата на мртвото дете го обиколи светот и предизвика шок.
Фотографија: Reuters/Stringer
Видливи крајности
Кос, на помалку од пет километри оддалеченост од турскиот брег е цел на бројни бегалци. На плажите, каде вообичаено одмораат туристи, пристигнаа илјадници бегалци, како оваа група од Пакистан.
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis
„Тоталниот хаос“
Но, бројни бегалци не можеа да го продолжат патот од Кос. За да заминат на копно мораа најпрво да се регистрираат. Летото состојбата ескалираше, откако властите ги сместија бегалците во еден стадион на отворено сонце и без вода, да чекаат на регистрација.
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis
Дилемата на Европа
Речиси истовремено на север, на грчко-македонската граница, граничната полиција не им дозволуваше премин на бегалците, меѓу нив расплакани деца, раздвоени од своите родители. „Чист очај“ се вика оваа фотографија на Ѓорѓи Личовски. Таа беше прогласена за фотографија на годината од УНИЦЕФ затоа што ја прикажува „Дилемата на Европа“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Ни ваму ни таму
Кон крајот на летото Будимпешта стана симбол за слабостите на одговорните и за омразата кон странците. Илјадници бегалци кампуваа на железничката станица во унгарскиот главен град. Унгарската влада им забрани да продолжат натаму. Многумина продолжија пеш кон Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler
Отворени граници
Одлуката од 5 септември им го отвори патот на бегалците: канцеларката Ангела Меркел и австрискиот канцелар Вернер Фејман заеднички одлучија да ги отворат границите. Со возови и автобуси бегалците беа пренесени во Виена и Минхен.
Фотографија: picture alliance/landov/A. Zavallis
Селфи-канцеларка
И додека бегалците со одушевување ја поздравуваа канцеларката, во Германија се ширеше незадоволство. На критиките Меркел одговори: „Доколку сега треба да се извинуваме затоа што покажуваме пријателско лице во една тешка ситуација, тогаш ова повеќе не е мојата земја“. Реченицата „Ние ќе успееме“, стана нејзина мантра.
Фотографија: Reuters/F. Bensch
Приказни во багажот
Кон крајот на септември германската полиција објави една потресна слика, која девојче бегалец му ја подарило на полицаец во Пасау. На неа се прикажани стравотиите кои ги преживеале многу бегалци, и нивната радост по пристигнувањето на безбедно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bundespolizei
Драмата продолжува
До крајот на октомври во Германија пристигнаа над 750 илјади бегалци. Но бранот не престанува. Земјите од ткн. балканска рута се пренатрупани. Ги затворија границите. Само Сиријци, Авганистанци и Ирачани смеат да минат. Во знак на протест некои бегалци си ги зашиваа усните.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Крајот не е на повидок
„Помогни ни, Германијо“, пишува на плакатите на овие луѓе на границата со Македонија. Зимата пристигна во Европа, а илјадници бегалци, меѓу нив и многу деца, останаа на ничија земја. Во меѓувреме и Шведска- земја на која се надеваа бегалците- воведе гранични контроли. Во 2016 година, ЕУ очекува уште три милиони бегалци.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
12 фотографии1 | 12
За разлика од тоа, дојде до вмрежување на многу банки на податоци. Така Европскиот информациски систем за регистрација на казнувани лица Екрис – ТЦН е споен со банката на податоци Еуродак, која ги меморизира отпечатоците од прсти на азилантите ширум Европа, за да може службениците на границата да вршат адекватни проверки. Тука е и Шенгенскиот информациски систем СИС, кој дава доверливи информација против кои лица има забрана за влез во шенген зоната. Зголемен е и бројот на вработени во Сојузниот уред за миграција и бегалци (БАМФ).
Научени лекции од 2015.
Пред пет години голем број доброволци се грижеа за мигрантите. Во моментов овие приватни иницијативи се сведени на половина. Во случај на нов бран бегалци тоа не би било доволно, велат претставници на германските градови и општини.
Од друга страна и процесите кај најдлежните служби се одвиваат многу поорганизирано отколку во 2015-та година. Тука пред сѐ се мисли на „соработката на кризните тимови на Брисел и европските метрополи," истакнува претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Сите одговорни за бегалците во Германија знаат дека не е важно само прифаќањето на овие луѓе, туку е многу важно тие да бидат прифатени во општеството. Оттука наоѓањето работа за нив е важен аспект.
Работа после 5 години
Студија на Институтот за испитување на пазарот на труд и професионална ориентација (ИАБ) покажа дека над 50% од бегалците и мигрантите после 5 години престој во Германија си нашле работа. Квотата на вработени бегалци во моментов е 28%. Во меѓувреме се направени индивидуални советувања со претставници на 21.000 германски фирми, давајќи им информации за правната рамка, можноста за учење јазик, добивање на дозвола за престој, бараните квалификации и можбостите за добивање помош во однос на бегалците. Германското министерство за економија заедно со „Стопанските јуниори“ ја основаше платформата „Започни ја својата иднина“ ("Start your future"). Така се креираше мрежата “Компаниите ги интегрираат бегалците“.
Опасна авантура: патот на бегалците од Сирија до Германија
Бегајќи од воените ужаси, многу сириски бегалци преземаат извонредно ризичен и долг пат до Европа, кој често ги става нивните животи во опасност. Преглед на најопасните станици на тој пат.
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Armer
Сирискиот ужас
Повеќе од 240 илјади луѓе се убиени од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, а милиони ги напуштија своите домови. Очајни, многу од нив се одлучуваат со воз или пеш, често и со плаќање на трговци со луѓе, да стигнат на сигурно во Европа. На фотографијата: потрага по преживеани во Дамаск по бомбардирање од страна на владините сили.
Фотографија: picture-alliance/A.A./M. Rashed
Прва станица: Турција
Некои Сиријци кои пристигнуваат во регионот на Измир се сместуваат во хостели пред да го продолжат патот кон Европа, а повеќето мораат да живеат на улици или во паркови, како ова девојче кое спие на улица во Измир.
Фотографија: picture-alliance/AA/E. Atalay
На пат кон Грција
Откако ќе ја напуштат Турција, бегалците се надеваат дека ќе стигнат до Европа преку Грција. На оваа офотграфија, група бегалци во гумен чамец патуваат кон островот Кос.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Кон континентална Европа
Девојче од Сирија спие под патничко седиште на траектот кој ги превезува бегалците од островот Кос кон пристаништето Пиреа. Оттаму, илјадници бегалци секојдневно го продолжуваат патот на север кон границата со Македонија.
Фотографија: Getty Images//W. McNamee
Затворени граници
Минатиот месец Македонија прогласи вонредна состојба и најави дека ќе ја мобилизира армијата за да го спречи напливот на бегалци на својата јужна граница. Откако ќе ја минат границата на бегалците им претстои вистинска борба за да се качат во возот кој ги превезува кон Србија на станицата во Гевгелија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Одмор во Белград
Бројот на бегалците кои поминуваат низ Македонија и Србија се зголемува. Белград често се користи како место за одмор. Според Меѓународната организација за миграции, во првата половина на 2015 година, 160 илјади бегалци минале низ земјите на Југоисточна Европа.
Фотографија: picture alliance/dpa/T. Brey
И Унгарија е преоптоварена
Законодавците во Будимпешта ги зголемија казните за илегално минување на границата, а полицијата постојано се судира со бегалците кои сакаат брзо да ја напуштат земјата. Унгарија тврди дека ги применува ЕУ-правилата, но илјадници бараат да бидат пуштени да продолжат натаму... кон Германија.
Фотографија: Reuters/B. Szabo
Топло добредојде
Илјадници бегалци пристигнаа во Австрија и Германија откако со денови беа заглавени во Унгарија. Многу жители на Минхен ги пречекаа на железничката станица и се обидоа да им помогнат колку што можат.
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Armer
8 фотографии1 | 8
Основан е и Центар за осигурување на стручна работна сила (КОФА). Според статистиката од 2016-та секоја четврта компанија во Германија се ангажирала околу бегалците. Корисни информации има и на порталоте „bq-Portal" и „Make-it-in-Germany". Дополнително, од 1ви март на сила стапи и новиот Закон за доселување на стручна сила во Германија.
Политиката потфли
Проектот „RESPOND" кој е финансиран од ЕУ го следи развојот на ситуацијата од 2015-та до денес – бележи интервјуа со одговорните, но и со бегалците и мигрантите. Резултатот од студијата е дека “политиката се променила така што се преземаат построги рестриктивни мерки за да се запре приливот на мигранти." Поделбата на белаците во Германија на оние кои имаат и оние кои немаат перспектива за останување во земјата покажува дека не постои правна рамка за фер постапка за добивање азил.
Професорката и експерт во областа на културна антропологија, Сабине Хес остро коментира: „Од 2015-та до сега ништо се нема променето на подобро." Таа истакнува дека сѐ уште недостасува реформа на европскиот систем за добиваење азил. „Сѐ уште нема нови идеи освен добро да се заштитат границите, наместо да се размислува што да се стори со светскиот проблем со прилив на бегалци. Тоа е неверојатно потфрлање на политиката!", вели таа.
Чекањето раѓа гнев
Состојбата на македонско-грчката граница е повторно на работ на ескалација. Гневот расте меѓу стотиците мигранти кои не можат да ја минат границата кон Македонија. Сагата на бегалците низ објективот на Диего Куполо
Фотографија: DW/D. Cupolo
Заглавени во Идомени
Клекнати зад македонскиот граничен камен, пакистанските браќа Хасан и Мохамед Сегир, се обидуваат да запалат оган со ќесе за ѓубре. Тие се заглавени во импровизираниот бегалски камп во Идомени, Грција, откако Македонија, Србија и Словенија одлучија да престанат да прифаќаат мигранти од „неконфликтни“ зони на 18 ноември.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Надвор на студот
Иако Лекари без граници (МСФ) подигнаа големи шатори со греење за згрижување на околу 2.000 луѓе, многумина останаа надвор. „Повеќе од 1.000 луѓе дневно спијат надвор на температури од околу 6 степени Целзиусови“, вели Антонис Ригас, координатор на МСФ. „Побаравме од државата уште еден пункт каде би можеле да го зголемиме капацитетот, но не ни одговорија“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Без поддршка
Марокански тинејџер чека повторно отворање на границата за сите- сценарио кое според Ригас е малку веројатно. „Бараме од државата да ни испрати најмалку тројца претставници за менаџирање на кампот“, вели тој. „Невладините организации управуваат со кампот, но не е задача на МСФ да ја презема улогата на владата“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Поделба според националност
Во моментов, неколку илјади Сиријци, Ирачани и Авганистанци преминуваат кон Македонија секојдневно, фрустрирајќи ги оние кои остануваат. „Не сакаме да одиме во Европа илегално, туку легално“, вели Шиамал Раби, 32-годишен продавач од Бангладеш. „Ние сме луѓе и имаме човекови права. Доколку три народи можат да одат, можеме и ние“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Тензии меѓу барателите на азил
Тешките околности носат гнев, а тепачките стануваат секојдневие во Идомени. Раџ, Непалец кој не сакаше да ни го каже презимето, вели дека Иранец го удрил при кавга во засолништето. Лекарите во петокот мораа да им помогнат на двајца северно-африканци кои имаа рани од нож. И при распределбата на храна редовно доаѓа до пресметки.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Протестите стануваат насилни
Минатата недела, заглавените мигранти си ги зашиваа усните и започнаа штрајк со глад, но мирните протести траеја кусо и беа проследени со судири со македонската полиција. „Луѓето се многу гневни“, вели Фатини Келекцоглу, координатор во Идомени. „Некои со недели не виделе туш. А некои преку ден пијат и алкохол“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
„Вонредна состојба“
„Во 30 минути минуваме од мир во хаос и обратно“, вели Александрос Вулгарис, тим лидер на УНХЦР во Идомени. „Не можеме да планираме. Ова е вонредна состојба, па само се обидуваме луѓето да бидат безбедни“. Вулгарис вели дека ги убедува бегалците да одат во Атина, каде можат да се сместат во засолништето на Олимпискиот стадион.
Фотографија: DW/D. Cupolo
„Сакаат да одиме во војна“
Рами Алтахари, 22-годишен студент од Јемен, на телефонот ни ја покажува неговата разурната населба во Санаа. Тој патува со уште 11 други Јеменци кои биле принудувани да и се придружат на Хуту милицијата. „Тие сакаат да одиме во војна, но ние нема да се бориме“, вели тој. „Саудијците ќе не убијат, па ќе чекаме тука додека не ја отворат границата“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Ново Кале
Членови на грчкиот работнички синдикат во саботата донесоа прва помош. „Ова ќе стане ново Кале доколку не реагираме брзо“, вели Никитас Канакис, претседател на грчкиот огранок на Светските лекари. „Тука нема доволно сместувалишта за сите и се плашам дека луѓето ќе се обидат да најдат нови рути преку зимата. Знаете дека шверцерите можат да бидат многу креативни“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Кој е планот Б?
Македонија ја заврши трикилометарската ограда во близина на Идомени во неделата. „Луѓе од целиот свет се тука за да им помогнат на овие луѓе, освен грчката држава“, вели Канакис. „Се плашиме дека границата би можела наскоро да биде целосно затворена. Дури и да ги пренесеме сите луѓе во Атина, што потоа? Има ли план Б?“