1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експерти на ОН го обвинија Ким Јонг Ун за злосторства против човештвото

ЕМФ/афп/дпа/дв17 февруари 2014

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун носи лична одговорност за злосторства против човештвото, обвинуваат експерти на ОН. Тие го повикaa Советот за безбедност да побара од Хашкиот суд разгледување на опции за судски процес

Фотографија: Reuters/Kim Hong-Ji

Советот за безбедност на ОН треба да воведе санкции против севернокорејски функционери кои се осомничени за злосторства против човештвото, се вели во извештајот на Комисија на Советот за човекови права на ОН, задолжена за ова прашање. Експертите не препорачуваат воведување генерални санкции, поради ситуацијата во која се наоѓа севернокорејското население.

Во извештајот објавен денеска (17.02), меѓу другото, се вели: „Тежината, енормниот обем и начинот на којшто во оваа држава се вршат злосторства, се без пример во денешниот свет.“ Во него се констатира дека Северна Кореја е „тоталитарна држава“ во која има систематско убивање луѓе, измачувања, сексуална злоупотреба и изгладнување на населението, кое често работи во робовски услови.

Фотографија: picture alliance/ZUMA Press

Комисијата на ОН беше основана во мај 2013 година, по налог на Советот за човекови права на ОН. Ова е прва ваква обемна истрага по налог на ОН за состојбата на човековите права во Северна Кореја. Иследниците разговараа цела година со лица побегнати од Северна Кореја во Јужна Кореја, Јапонија, Велика Британија и САД. Во извештајот на 371 страници се упатени и обвинувања на сметка на Пјонгјанг поради огромниот број политички затвореници - само во четирите најголеми логори во земјата има меѓу 80 и 120 илјади политички затвореници.

САД соопштија дека извештајот ја докажува „јасно“ бруталната реалност и кршењето на човековите права во Северна Кореја. Вашингтон бара од Пјонгјанг „конкретни чекори“ за подобрување на состојбата, изјави портпарол на Министерството за надворешни работи во Вашингтон.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми