Експлозија во центарот на Прага
29 април 2013Местото на несреќата е историскиот стар град на Прага, омилен меѓу туристите. Улицата Диваделни е целосно покриена во рушевини. Според полицијата повредени се најмалку 55 лица, некои од нив тешко. Според Паскал Стојчески, македонскиот амбасадор во Чешката Република, нема официјални информации за повредени Македонци во експлозијата. Многумина од жртвите се повредени од срчи од стакло. Во околината на експлозијата се распрскаа стаклата на прозорците.
Ексползијата се случила во една зграда со канцеларии, каде се сместени повеќе фирми. Силите за безбедност во рушевините на објектот бараат евентуални натамошни повредени.
Причина за детонацијата во близина на Националниот театар според полицијата најверојатно била дефект во гасната мрежа. Повеќемина очевидци сведочат дека почувствувале интензивен мирис на гас на местото на експлозијата.
Силите за безбедност го оградија местото на несреќата и ги евакуираат ближните куќи. Чешкиот премиер Петр Нечас најави дека лично ќе се вклучи во истрагата.