Канада: Десетици починати и близу 50 Целзиусови степени
СН/агенции
30 јуни 2021
Тековниот топлотен бран во западна Канада донесе нови рекордно високи температури и предизвика десетици смртни случаи. 49,5 Целзиусови степени се измерени во местото Литон- највисока некогаш забележана температура таму.
Реклама
Се претпоставува дека од последиците на тековниот топлотен бран во Канадапочинале најмалку 134 лица. Како што објавија полициските служби во вторникот (по локално време), ненадејни смртни случаи биле забележани во пошироката регион на метрополата Ванкувер. Очигледна е врската со екстремните горештини што ги погодија Канада и северозападниот дел на САД. Во вторникот, канадската метеоролошка служба забележа нов национален температурен рекорд во местото Литон, Британска Колумбија, трет ден по ред: Температурата достигна 49,5 Целзиусови степени.
„Се наоѓаме среде најжешката недела што некогаш ја доживеала Британска Колумбија“, премиерот на провинцијата на западниот брег на земјата, Џон Хорган, на прес-конференција.
Трет ден по ред, Канада ги бележи највисоките температури во земјата од почетокот на мерењето. Министерството за животна средина издаде предупредувања за повеќе провинции дека „тековниот, опасен и историски топлотен бран ќе трае цела оваа недела“.
И во американските градови Портланд, Орегон и Сиетл на северозападот на САД, исто така, се регистрирани највисоки температури од почетокот на мерењето на температурите во 1940 година. Клима- уредите и вентилаторите беа распродадени на многу места. Некои луѓе побараа заштита од горештините во подземните гаражи или во нивните климатизирани автомобили.
Промена на климата: Екстремно време, екстремни последици
Бранови на горештини, недостиг на вода, топење на глечерите, уште сега се забележува промената на климата, а времето нешто да се преземе против последиците, истекува.
Фотографија: AP
По жештината и поплавите следува глад
Крајно време е да се преземат мерки против екстремните временски услови, посебно во најсиромашните земји, како во Африка. Веќе по 20 или 30 години, вели извештајот на Светската банка, промената на климата ќе има речиси незамисливи последици. Сушите и поплавите ќе доведат до недостиг од храна.
Фотографија: AP
Светското население и натаму се множи
Светското население до 2050 година ќе достигне до околу девет милијарди луѓе, гласат прогнозите. Тоа значи - потребно е двојно повеќе ориз, пченка и пченица отколку денес. Американските научници предупредуваат - производството животни продукти уште сега расте пребавно за да го задоволи гладот во светот.
Фотографија: dapd
Премногу вода
Додека поплавите ги загрозуваат жетвите, друга опасност произлегува од растењето на морското ниво. Научниците предупредуваат дека нивото во моментов расте 60 проценти побрзо од очекуваното. Последица: се заканува потонување на помалите острови.
Фотографија: Grit Hofmann & Carmen Meyer
Морска наместо несолена вода
Со покачувањето на нивото на морињата во почвата продира солена вода. На неа е изложена и вегетацијата, како на овој остров во Микронезија. Тоа е штетно за растенијата и истовремено носи големи проблеми за земјоделството и крајбрежните региони.
Фотографија: Grit Hofmann & Carmen Meyer
Во опасност се белите дробови на планетата
Амазонските прашуми, како овде во Бразил, ја штитат климата со тоа што користат ЦО2. Но, бидејќи во регионот станува пожешко и посуво, тој е загрозен од затоплувањето на Земјата. Во најлош случај прашумата од корисник, може да стане извор на ЦО2.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Се топи мразот на Гренланд
Гренланд е до 85 проценти покриен со мраз. Со глобалното затоплување, меѓутоа, тој брзо се топи, со што се покачува нивото на морињата. Кога се топи белиот мраз од Арктикот, водата која потемнува од топењето прима повеќе топлина, која инаку мразот ја рефлектира во вселената.
Фотографија: Ian Joughin/University of Washington
Се топи и Антарктикот
Мразот на Антакрктикот се смета за постабилен отколку оној на Гренланд. Но, најновите мерења покажуваат дека мразот се топи и на Арктикот во последните 20 години, откако се вршат мерења во овој регион.
Фотографија: Alfred-Wegener-Institut/Simon/Simon
Трајниот мраз - темпирана бомба
На Арктикот засилено се топи трајниот мраз. Тоа предизвикува ослободување на штетни гасови, како ЦО2 и метан. Научниците стравуваат дека долгорочно тоа ќе води кон повратна реакција. Топењето ќе предизвика натамошно затоплување. Научниците ги контролираат емисиите на гасови, како овде на Гренланд.
Фотографија: DW/Irene Quaile
Лоши вести за школките и морските полжави
Океанот прима се‘ повеќе ЦО2. Тоа води кон се‘ поголема киселост на морињата, со што се намалува ПХ-вредноста. Ова влијае врз морските организми како школките и морските полжави: нивните черупки стануваат полесни и потенки. Научниците ги истражуваат последиците врз животот во морето.
Фотографија: DW/Irene Quaile
Изумираат коралите
Од зголемената киселост на морињата се погодени и коралите, како Грит Бариер Риф во Австралија. Тие изумираат поради зголемената киселост на водата. За многу луѓе овие области со коралски колонии богати со риби се важни поради исхраната, а освен тоа коралскиот туризам за помалите земји е важен извор на приходи.
Фотографија: AP
10 фотографии1 | 10
За екстремните горештини е одговорен феноменот на „топлотна купола“, што значи дека високиот притисок во атмосферата го задржува жешкиот воздух во регионот. Според експертите за временска прогноза на американскиот весник „Вашингтон пост“, интензитетот на актуелната „топлотна купола“ е „статистички толку редок што може да се очекува само во просек еднаш на секои неколку илјади години“. Сепак, климатските промени предизвикани од човекот „ги направиле поверојатни ваквите видови на вонредни појави“.