ЕК демантира дека Грција ќе излезе од монетарната унија
23 јули 2012Реклама
Европската комисија денеска (23.07) ги отфрли шпекулациите за можно излегување на Грција од еврозоната. Грција мора и ќе остане во монетарната унија, изјави портпарол на Европската комисија во Брисел.
Одлуката за исплата на наредните транши од кредитите за помош ќе падне во септември. Дотогаш земјата има обезбедено финансирање. Портпаролот на ЕУ не сакаше да ги коментира медиумските извештаи според кои ММФ не сака веќе да и‘ дава поддршка на владата во Атина. Дебатата околу излегување на Грција од еврозоната особено интензивно денеска се води во Германија, по вчерашните изјави на министерот за стопанство Филип Реслер дека излегување на Грција од еврозоната „одамна не е нешто што предизвикува страв“.