ЕК денеска официјално ќе го соопши извештајот за Макеоднија
6 ноември 2007Реклама
Европската комсија денеска во Брисел официјално ќе го соопшти извшетајот за напредокот на Македонија. Уште сега е познато дека извештајот не содржи датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Во извештајот на комисијата најмногу забелешки има за работата на правосудството и јавната администрација како и за парламентот. Владини претставници вчера го оценија извештајот на Европската комисија како објективен и дека ја отсликува реалната состојба во Македонија.
Покрај редовните извештаи за напредокот на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство, комсијата денеска ќе објави документ за стратегија на проширување и главните предизвици за наредната година.