1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК посветен на европската перспектива на Западен Балкан

ДТЗ
29 септември 2021

Слични пораки пристигнаа и од Франција и Холандија кои велат дека остануваат на ставот оти Северна Македонија треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

EU I Ursula von der Leyen trifft Zoran Zaev
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и македонскиот премиер Зоран Заев во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski /DW

Веста на Ројтерс дека Европската Унија веќе не може да се усогласи за да гарантира идно членство на шесте балкански земји предизвика големи реакции во регионот, каде што деновиве е во посета претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен

„Иднината на целиот Западен Балкан е во Европската Унија“, изјави портпаролот на Европската комисија, Ана Писонеро Ернандез, во писмен одговор на Гласот на Америка на српски јазик, во врска со текстот на агенцијата Ројтерс, која вчера јави дека во декларацијата за Самитот ЕУ-Балкан, закажан на 6 октомври во Словенија, ЕУ планирала да го повтори ветувањето дадено пред 18 години за недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан. Ројтерс се повикува на четворица дипломати, но тврди дека имале увид и во нацрт-декларацијата. 

„Европската комисија е цврсто посветена на унапредување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Албанија и Северна Македонија“, вели Писонеро. Таа додава дека двете земји ги исполниле обврските, поради што ЕУ целосно го поддржува формалниот почеток на пристапните преговори до крајот на годината. Ваква порака испрати и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата и на Тирана и на Скопје. 

Надеж за европска перспектива 

Писонеро наведува дека политиката на проширување е стратегиска инвестиција во стабилноста и безбедноста на Европа и дека лидерите на ЕУ постојано повторуваат, вклучително и на последниот Самит во Загреб, дека се недвосмислено посветени на европската перспектива. Портпаролката на ЕК во изјавата потенцира дека Самитот во Брдо кај Крањ во Словенија, предводен од ЕУ, ќе биде важна можност не само да се потврди европската перспектива на Западен Балкан, туку и да се преземат практични чекори кон понатамошна интеграција и да започне со спроведување на економскиот и инвестициски план за регионот. 

Слични пораки денеска пристигнаа и од Франција и Холандија кои велат дека остануваат на ставот оти Северна Македонија треба да ги почне преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ). Во писмените одговори, на прашањето на „360 степени“, од амбасадите на двете земји велат дека ставовите на нивните влади се јасни и оти сметаат дека Северна Македонија треба да ги почне пристапните преговори. 

-повеќе на темата: Кирјас: Балканските народи не се глупави да останат неми на замајувањата на Брисел

Токму во извештајот Данска, Франција и Холандија се посочуваат како највоздржани земји за проширувањето на ЕУ.  „Земјите членки на ЕУ не ги откриваат своите позиции, но богатите северни држави како Данска, Франција и Холандија се плашат од повторување на избрзаното пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година и лошото менаџирање на миграцијата на работници од Источна Европа во Велика Британија што доведе до тоа многумина Британци да се свртат против ЕУ“, објави „Ројтерс“. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми