ЕК препорача кандидатски статус за Албанија
4 јуни 2014„Комисијата ја потврдува својата препорака дека земјите членки на Албанија треба да и‘ доделат статус на кандидат“, рече еврокомeсарот за проширување Штефан Филе, нагласувајќи дека е охрабрен од напорите на Тирана во спроведувањето на реформите.
Комисијата во денеска (04.06) објавениот извештај го истакна напредокот на Албанија во сузбивање на корупцијата и организираниот криминал и во воспоставувањето правна држава. Конечната одлука за доделување статус на кандидат на Албанија ќе ја донесат лидерите на ЕУ, на самитот на 26 и 27 јуни, во Брисел.
Оценувајќи ја препораката како добра вест за сите Албанци, албанскиот премиер Еди Рама, меѓу другото, се заложи и за дијалог со опозицијата. Албанија доби препорака од ЕК и во октомври 2013 година, но пет земји членки на ЕУ - Германија, Франција, Велика Британија, Данска и Холандија, побараа одлагање на препораката за јуни годинава. Албанија се надева дека овие земји нема да го преземат истиот чекор, затоа што досега не искажале резерва по ова прашање.