1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК ја тужи Полска

ЖА / агенции
24 септември 2018

Европската комисија поднесе тужба против Полска пред Европскиот суд поради некомпатибилност на реформата на Врховниот суд со ЕУ-правото, односно принудно пензионирање на судиите неомилени на власта.

Polen | Proteste gegen Zwangsruhestand für Richter
Фотографија: Reuters/Agencja Gazeta/S. Kaminski

Полска ќе се најде на обвинителна клупа пред Европскиот суд поради спорниот закон за присилно пензионирање на судии на Врховниот суд, кој не е во согласност со правото на ЕУ и го поткопува основниот принцип на независност и посебно одредбата за незаменливост на судиите, соопшти претставник на ЕК во Брисел.

Доколку судиите во Европскиот суд се на исто мислење со ЕК, Полска ќе мора да го смени законот, во спротивно на земјата ѝ се закануваат енормни парични казни. ЕК поднесе тужба пред Европскиот суд откако полската влада се оглуши на повеќепати повторените барања за доброволна промена на законот.

Повеќе: 

Нови протести против судската реформа во Полска

Пензионирање на полските непослушни судии

Законот инаку е дел од контроверзната полска реформа на правосудниот систем, која од аспект на ЕК, го загрозува принципот за поделба на власта во источноевропската земја и ја ограничува независноста на судовите. Уште во март ЕК поднесе тужба поради нов закон за редовните судови.

Сега обжалениот закон предвидува симнување на старосната граница за пензионирање на судиите во Врховниот суд од 70 на 65 години. Политичкото раководство во Полска од почетокот на јули ја користи оваа одредба за да ги испрати во пензија судиите кои не му се по волја. Барањата за евентуално продолжување на останувањето во судската фотелја мора да бидат одобрени од претседателот на државата.

Загриженоста за владеењето на правото во Полска ја натера Европската комисија да покрене и политичка казнена постапка, согласно со членот број 7 од ЕУ-договорите, која како краен исход може да има одземање на правото на глас на Полска во ЕУ-министерскиот совет.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми