ЕК ќе предложи укинување на различното сметање на времето
ЕМФ /агенции
31 август 2018
Шефот на ЕК, Жан-Клод Јункер, е за укинување на промената на сметањето на времето. Веќе денеска ЕК ќе донесе заклучок за откажување од летното и зимското сметање на времето.
Реклама
Брисел во онлајн-анкета, која заврши на средината од август, ги праша граѓаните дали се за укинување на праксата на поместување на стрелките на часовниците за еден час нанапред или наназад секои шест месеци. Граѓаните покажаа огромен интерес за прашањето и на анкетата учествуваа околу 4,6 милиони луѓе. Мнозинството се изјасни за укинување на праксата на различно сметање на времето налето и назима.
Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, денеска изјави дека ќе се почитува волјата на граѓаните и дека ЕК веќе денеска ќе донесе соодветен предлог. „Луѓето тоа го сакаат, ние тоа ќе го направиме“, изјави Јункер за германската телевизија ЗДФ. Според него, нема смисла луѓето прво да ги прашате за нешто, а потоа да се правите „како ништо да не кажале“, изјави Јункер. Инаку, досега ЕК постојано повторуваше дека анкетата ниту е обврзувачка ниту е репрезентативна. За предлогот на ЕК за укинување на различното сметање на времето согласност ќе мора да дадат државите на ЕУ и Европскиот Парламент.
Поддршката од страна на Европскиот Парламент важи за сигурна, но меѓу ЕУ-државите ситуацијата не е толку јасна. Сепак, и тука „не гледам мнозинство против укинувањето“, изјави пратеникот на ЦДУ, Петер Лизе. Дел од државите членки и онака веќе се позиционираа. Литванија, Естонија и Летонија се за укинување на зимското и летното време, исто како и Финска. Германија досега нема изнесено став.
ЕК досега не ги објави јавно резултатите од анкетата за сметањето на времето, но во текот на изминатата недела протекуваа одредени податоци, како оној дека над 80 проценти од граѓаните биле „за“ укинување на промената. Од оние што се изјасниле „за“, мнозинството биле да се задржи само летното сметање на времето.
Во Германија летното и зимското сметање на времето е воведено во 1980 година. Од 1996 година луѓето во сите држави на ЕУ ги поместуваат стрелките на часовниците во последната недела од март и последната недела од октомври. Идејата која се крие зад различното сметање на времето е подобра искористеност на дневната светлина и со тоа - заштеда на енергија. Вистинската полза од промената на времето, меѓутоа, е спорна. Освен тоа, многу луѓе се жалат на здравствени проблеми.
Најубавите часовници во Европа
Во епоха на рачни часовници и паметни телефони, јавните часовници не се веќе толку важни за временска ориентација. Но, многу од нив се градски симболи и поим за неминлива убавина.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot
Биг Бен, Лондон
Најпознатата европска кула со часовник е изградена во Лондон. Биг Бен е само прекар, вистинското име е - Кулата на Елизабета (Elizabeth Tower). Биг Бен е само име на најголемото од пет ѕвона. Неколку години Биг Бен нема да се огласува, зашто дојде време за реновирање.
Фотографија: picture-alliance/dpa/PA Wire/V. Jones
Светски часовник, Берлин
Се наоѓа на Александерплац во центарот на Берлин. Направен е од источногерманскиот индустриски дизајнер Ерих Јон, поставен е во 1969. година за време на Германската Демократска Република. Оттогаш, ова е омилено место за состаноци и за берлинските граѓани и за туристите. На часовникот се наоѓа поедноставен модел на Сончевиот систем, а под него може да се прочита времето во 24 временски зони.
Во Центарот Европа е поставен хронометар висок 13 метри. Изграден е во 1982. година и се протега во висина преку три ката. Овде може да се посматра како тече и истекува времето. Нивото на зелената течност на левата страна ги покажува саатите, а малите кугли на десната страна - минутите.
Фотографија: picture-alliance/Eibner-Pressefoto
Градски часовник, Прага
Астрономскиот часовник, кој од 1410. година ја краси зградата на Прашкото собрание, е мајсторско дело на готичката техника. Според легендата, по извршената работа на часовничарот му биле ископани очите за часовникот да остане единствен во цел свет. Бидејќи механизмот моментно е на поправка, до октомври посетителите ќе чекаат часовникот да ја покаже познатата игра на фигурите на 12 апостоли.
Швајцарската часовничарска прецизност е светски позната. На швајцарски дијалект, Цитглоге значи Временски ѕвоник. Изграден е во 1530. година и станал симбол на градот Берн. На секој полн час се движат фигури на златен петел и Хронос, старогрчкиот бог на времето.
И овој часовничарски механизам во Стразбур е направен од швајцарски мајстори, тој е ремек-дело на ренесансата. Секој ден фигурите се движат во 12 часот и 30 минути. Освен апостоли, можат да се видат и четири фигури кои ги персонифицираат четирите периоди на човечкиот живот: дете, момче, возрасен човек и старец.
Часовниците со кукавица се карактеристични за подрачјето Шварцвалд во Германија. Затоа, не е чудно што најголемиот ваков саат со кукавица се наоѓа во оваа област, во местото Тирберг. Механизмот тежи шест тони. А и кукавицата е импресивна - дрвената птица е висока четирипол метри и се јавува од прозорецот на првиот кат во временски период од половина час.
Фотографија: Stadtverwaltung Triberg
Музичка игра на ѕвоната, Минхен
Два или трипати дневно фигурите на Минхенското собрание имаат голем настап. Тие со четири различни мелодии отсликуваат два настана од градската историја: женидбата на баварскиот војвода Вилхелм Петти во 1568. и танцот на бочварите по големата епидемија на куга. Механизмот е модернизиран и работи на соларна енергија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Warmuth
Анкерур, Виена
Најпознатиот виенски саат го краси мовчето меѓу два дела на градбата Анкер-Хоф на познатиот плоштад Хоемаркт. Сликарот од ерата на виенската модерна Франц Мач го изработил нацртот. Во 12 часа, 12 бакарни фигури од виенската историја преминуваат преку мостот. Секојдневно, напладне сите 12 фигури парадираат со музика. Меѓу фигурите се царицата Марија Терезија и композиторот Јозеф Хајдн.
Во Австрија оваа кула со саат, како симбол на Грац, е многу позната. Подигната е на брегот над градот. Големата и малата сказалка ги замениле местата. Имено, првично постоела само една сказалка која ги покажувала само часовите, за да може да се гледа од далечина. Дури подоцна е направена и помала сказалка за минути.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Votava
Саат-кула, Венеција
Астрономскиот саат на Плоштадот Свети Марко не го покажува само точното време, туку и актуелните знаци на хороскопот, како и сончевите и месечевите фази. До последното реновирање во 1998. година во кулата живеел чуварот со семејството. Од 2006. година механизмот на часовникот е дигитално управуван.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Engelhardt
Куќа на магијата, Блоа
Ова всушност не е вистински часовник, но змејските глави во францускиот град Блоа се навистина точни. Тие се покажуваат на прозорците во получасовен ритам, правејќи застрашувачки движења. Зад фасадата се крие музеј кој пружа увид во историјата на магионичарството. Во Блоа е роден „таткото на модерната магија“, магионичарот Жан Ежен Робер Уден.