ЕК e за отворање ново поглавје со Турција
9 септември 2016Реклама
„Турција беше, е и ќе биде кандидат за членство“, изјави денеска во Анкара еврокомесарот Јоханес Хан.
По дијалогот ЕУ-Турција, Хан и турскиот министер за европски прашања Омер Челик се изјаснија за отворање на поглавјата 23 и 24. Тие се однесуваат, меѓу другото, на правосудството и основните права и слободи. Хан изјави дека ЕК почнала со подготовки, а остатокот зависи од земјите членки на ЕУ.
Во судирот околу визната либерализација за Турција, Хан и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изразија оптимизам дека ќе се најде решение. Предуслов за тоа, според ЕУ, е промена на турските антитерористички закони. Челик и Чавушоглу предлагаат за надминување на конфликтот да се вклучи и Советот на Европа.