Дали само нам ни се чини така или новото електрично возило на Цитроен изгледа како возечки тостер? Но, шегата на страна... Изгледот можеби не е најсилната страна на новиот Цитроен Ами, но тој навистина нуди многу поволности посебно за економичен градски превоз.
Реклама
Евтино и со добар квалитет! Нов електричен автомобил за 6.000 евра. Француските производители на автомобили се насочени кон производство на компактни, еколошки и достапни електрични градски автомобили. Новиот Цитроен Ами, за волја на вистината не може многу да забрза, а батеријата трае само до 70 км. Но, паркирањето е лесно и за него е потребна возачка дозвола од А категорија и тоа од 14-годишна возраст во Франција и 16-годишна возраст во Германија. Како ви се допаѓа оваа опција?
Во Франција имено нарачки на новиот електричен автомобил се можни веќе од 30 март а испораката на возилата е во јуни. Неколку месеци подоцна продажбата на новиот Цитроен Ами ќе започне и во Шпанија, Италија, Белгија и во Германија.
Легендарни автомобили
Фотографија: picture-alliance/dpa
Првиот Порше
Историјата на Порше почнува уште во 1898 година - со електромобил! Основачот на династијата на спортски автомобили Фердинанд Порше, тогаш 23-годишен, го конструирал P1, еден вид кочија на електричен погон. Возилото беше сокриено повеќе од 100 години, за неодамна да биде пронајдено во една шупа. Неговата брзина е 25 километри на час.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Бубачка - народен автомобил
Прототипот на подоцнежните „Бубачки“ на Фолксваген од 1937 година се вика Тип 60 (В30). Фердинанд Порше работел исто така на негово создавање. Идејата за овој прототип се должи на целта на националсоцијалистичка Германија да создаде автомобил за голем дел од народот. Производството на „Бубачката“ траеше се‘ до 2003-та. Со над 21,5 милиони возила до 2002. беше најпродаван автомобил на светот.
Фотографија: Porsche
Автомобилите во ГДР
Моделот на автомобили кој во поранешната ГДР почна да се произведува во 1958 година се викаше Трабант. Тој се произведуваше во Цвикау. „Траби“ овозможи моторизирање на голем дел од народот во Германската Демократска Република. Автомобилот беше само минимално менуван и незначително натамошно усовршуван, така што стана огледало на нефлексибилноста на ГДР-економијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Симбол на напредокот
Моделот Т на автопроизводителот Форд до 1972-ра беше најпродаван автомобил во светот. Потоа титулата ја освои „Бубачката“ на Фолксваген, а подоцна таа му припадна на Голфот. Од 1908. до 1927. во САД без произведени 15 милиони автомобили од овој тип. Технички едноставното возило има голема симболична вредност. Токму затоа денес се‘ уште има повеќе десетици илјади примероци на овој автомобил.
Фотографија: picture-alliance/landov
Брз како ветрот
14 ноември 1945-та: И покрај тешките услови поради тукушто завршената Втора светска војна, Дајмлер Бенц работи на создавање возило за трки кое треба да постави нови рекорди во брзина. Моделот на Мерцедес имаше 3.000 коњски сили и требаше да вози со 450 километри на час.
Фотографија: Getty Images
Француската кралица на улиците
Ситроен ДС (на француски: Божица, на Балканот познат како Ајкула), покрај 2 СВ (Спачек) е најголемата авто-легенда на Франција. Возилото се произведуваше од 1955 до 1975 година и може да се види во голем број филмови, пред се‘ криминални. Овој автомобил беше првото возило со хидропневматски амортизери, произведен во серија.
Фотографија: picture-alliance/ASA
Германска икона
Порше 911 е најпознатиот германски спортски автомобил и важи за поим за марката Порше. Првпат беше презентиран во септември 1963 година, на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт.
Фотографија: Porsche
Се‘ побрзо, се‘ подалеку
И Фолксваген постојано инвестираше во развој на спортски автомобили. Во 2001 година овој автопроизводител со својот тогаш нов прототип „В12 Купе“ постави нов светски рекорд. На една патека за трки тој 7086-те километри ги мина со брзина од 295 километри на час.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Брзо, удобно и економично
Модерните авто-иновации мора да поврзуваат се‘ - сила, брзина, добар изглед и треба да бидат и еколошки. БМВ i8 првпат беше претставен на саемот во Франкфурт, во 2009 година. Од 2013 година почна неговото сериско производство. Каросеријата и моторот на спортскиот автомобил се создадени така да штедат енергија.