Британската фирма Луназ врши преправка на користени возила и ги претвора во електрични. Лукративен бизнис, со оглед што Велика Британија планира од 2030 година да забрани мотори на фосилни горива. Електрификацијата се исплаќа посебно за скапи автомобили, велат од фирмата, на пример Ролс Ројс.