1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Е-цигарите се долгорочно еднакво опасни како тутунот

Александер Фројнд
20 декември 2019

Електронските или Е-цигарите долгорочно се исто толку опасни како и класичните цигари. Оној кој ги комбинира ризикува да заболи од астма, бронхитис и слични болести, покажува една репрезентативна американска студија.

Husten Antibiotika Medikamente
Фотографија: Fotolia/Lisa F. Young

Нема веќе изговори од типот „подобро од.." или „да, ама..“ – првпат една долгорочна репрезентативна студија покажа дека конзумирањето Е-цигари на долг рок може да биде исто толку опасно како пушењето класични цигари. Голема е веројатноста поради конзумирање Е-цигари да се развие астма, бронхитис, емфизем (надуеност на белите дробови) или други хронични белодробни заболувања. Особено изложени на ризик се пушачите кои наизменично пушат и класични цигари (тутун) и електронски цигари - кај нив тројно е зголемен ризикот од хронични белодробни заболувања. Ова го покажува една студија на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско (УЦСФ) направена врз база на податоци за 32.000 возрасни испитаници во САД од 2013 до 2016 година. Репрезентативната студија е објавена во Американскиот журнал за превентивна медицина.

Е-цигари како средство за откажување од пушење?

Ова тврдење е пред сѐ релевантно за дебатата дали Е-цигарите треба да се промовираат како средство за откажување од пушење. Бидејќи поголемиот дел од пушачите не се префрлаат целосно од класични цигари на електронски цигари, туку ги конзумираат и двете.

Префрлањето од класични цигари на Е-цигари може само да го намали ризикот од рак на бели дробови, но тоа го прават само мал број пушачи," вели Стентон Гланц, професор по медицина и директор на УЦСФ0-центарот за тутунска контрола, истражувања и едукација.

„Поголемиот дел од пушачите едноставно користатЕ-цигарикако дополнително средство. Така стануваат дуални корисници, со што двојно го зголемуваат ризикот за развој на белодробни заболувања“, предупредува Гланц.

Најризична е комбинацијата од тутун и Е-цигари, покажува нов ата американска студијаФотографија: Reuters/V. R. Garcia

Нема директна поврзаност со најновите смртни случаи

Резултатите од истражувањето сепак не се директно поврзани со погубното и ненајдено појавување на белодробно заболување од кое во изминатите месеци во САД досега починаа 52 лица. Проценките на лекарите се дека тие со електронските цигари внесувале илегални и забранети ТХЦ (канабис) супстанции. Студијата на УЦСФ се однесува само на електронските цигари кои се продаваат на американскиот пазар. Составот на супстанциите за електронски цигари на европскиот пазар е построго регулиран во однос на САД, поради построгите европски регулативи. Во регионот на Сан Франциско од следната година ќе биде забранета продажбата на Е-цигари.

Долгоричните ефеки за првпат потврдени

И поранешни студии потврдуваа дека има поврзаност помеѓу електронските цигари и белодробните заболувања. Но, долгоорчните последици досега не можеа да се потврдат, делумно и поради тоа што недостастуваа емпириски податоци. На почетокот од истражувањето за УЦСФ-студијата ниту еден од учесниците немал проблеми со белите дробови. По три години набљудување и анализи научниците сега може да потврдат дека постои причинска поврзаност помеѓу користењето на Е-цигари и белодробни заболувања.

„Оваа студија ги поткрепува претпоставките дека Е-цигарите долгорочно имаат негативни последици врз здравјето и ја влошуваат ‘пушачката’ епидемија“, констатира Гланц.

Забрана за пушење - неопходна заштита или хистерија?

02:00

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми