1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елизабета Втора урива рекорди

СН/ агенции
6 февруари 2017

65 години работен стаж- и сѐ уште не помислува на пензија. Британската кралица Елизабета Втора ја полни книгата со рекорди.

Deutschlandbesuch Königin Elisabeth II
Фотографија: Getty Images/M. Ukas

На 6 февруари 1952 година за 25-годишната принцеза Елизабета во еден момент се промени целиот свет. Тогаш беше „само“ принцеза која беше во посета на Кенија со својот сопруг морнарички офицер и мајка на две мали деца. Но, тогаш стигна веста дека нејзиниот татко, илјадици километри далеку, одненадеж починал. Од тој момент таа стана Елизабета II, кралица со Божја волја на Обединетото Кралство Велика Британија и на Северна Ирска, поглаварка на Комонвелтот и на Англиканската црква.

Таа знаела дека ќе дојде тој ден, но не сметала оти ќе дојде толку брзо. Искрено го сакаше својот татко, кралот Џорџ VI, исто како што го сакаа и неговите поданици. Затоа што со него ја преживеаја Втората светска војна и тој остана пркосно во Лондон додека паѓаа бомби, за да ја сподели судбината со сите други граѓани на кралството.

65 години на тронот

00:57

This browser does not support the video element.

Елизабета II на годишнините од своето владеење изјавува дека за неа тоа не е повод за славење бидејќи тоа е и годишнина од смртта на нејзиниот татко. Затоа редовно овој ден се поминува во тишина и без јавни настапи, а така ќе биде и оваа, сега веќе 65. годишнина од нејзиното владеење.

Добри гени

Од смртта на кралот на Тајланд, Бумибол, Елизабета II стана шеф на држава со најдолг стаж на светот. Во меѓувреме во редовната неделна ауденција го прима „својот“ 13-ти премиер на Велика Британија - во овој случај тоа е премиерката Тереза Меј, а прв беше Винстон Черчил. И од другата страна на Атланскиот океан, Доналд Трамп е 13-от жител на Белата куќа која таа го доживеала (и по правило го надживеала), Џастин Велби е  7-от надбискуп на Кантербери а папата Франциско во Ватикан  7-от папа кој таму го видела. Британската кралица е поглавар на Англиканската црква и ја носи титулата „Бранител на верата“. Таа функција ја сфаќа премногу сериозно: верата ѝ е исклучително важна и и’ дава сила да ја извршува својата должност, повторува таа секогаш. А сила очигледно не ѝ недостасува: не ни помислува на абдикација, има солидно здравје и очигледно, како и нејзината мајка која доживеа 101 година, има добри гени. Нејзината втора ќерка и сестра на кралицата, Маргарет, додуша, доживеа „само“ 71. година- но имаше бурен живот.

Фотографија: picture alliance/akg-images

Сето тоа за нејзиниот син и престолонаследник Чарлс не се многу добри изгледи: и тој во меѓувреме има 68 години и исто како и неговата мајка урива рекорди- како претендент кој најдолго чекал самиот да седне на престолот.

А ако Елизабета II денешниот ден можеби и сака да го помине во тишина и сеќавање на нејзиниот татко, за неколку месеци ја чека уште една годишнина каква што ретко кој доживеал: во ноември е нејзината 70-та годишнина од бракот со принцот Филип.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми