1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елон Маск делумно развластен во „Тесла“

ЖА / агенции
30 септември 2018

Во следните три години Маск нема да биде на чело на Извршниот одбор, а компанијата „Тесла“ треба да плати 20 милиони долари казна, гласи неговата спогодба со Американската комисија за хартии од вредност.

USA Auto l Tesla l CEO Elon Musk
Фотографија: picture alliance/Zumapress/M. Summer

Според спогодбата, Илон Маск ќе остане извршен директор во производителот на електромобили „Тесла“, но мора да го напушти местото директор на управата. Комисијата за хартии од вредност на САД го обвини во четвртокот Маск за измама извршена со објавувањето низа лажни вести преку социјалните мрежи и погрешно наведување на инвеститорите. Против него беше поднесена тужба пред Федералниот суд во Менхетен поради твитовите на Маск од пред два месеца, во кои тој најави повлекување на компанијата од берзата. Елон Маск тврдеше дека инвеститорите го поддржуваат неговиот план, финансирањето е осигурано, а на акционерите ќе им бидат понудени 420 долари по акција, што беше една петтина повеќе од тогашната цена.

Повеќе:

Обвинение за измама против Елон Маск

„Елон Маск звучи крајно неверојатно“

Подоцна Маск ретерираше и се испостави дека воопшто не разговарал за ваква можност со ниеден инвеститор. Курсот на акциите претрпе турбуленции по твитовите на Маск.

По тужбата против Маск, акциите на „Тесла“ во петокот забележаа пад од преку 11 проценти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми